Косовец () — село во општината Булчица на Дебарската област, источна Албанија. Денес е муслиманско, иако порано било со мешана вероисповед.

Географија Селото се наоѓа во македонската област Голо Брдо, на десниот брег на Окштунска Река. Има улога на северно маало на Љуболеш. Лежи источно од Стригичани, северозападно од Извор и североисточно од Голејца.

Историја Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Косач бил дел од Голема Река (Грика Маде) и претставувал чисто албанско село со 35 „Арнаути муслимани“. Ова е грешка на К’нчов, бидејќи населението во најмала рака било етнички мешано.

Во 1940 г. Миленко Филиповиќ напишал дека Косовац е веќе чисто муслиманско село во Голо Брдо со околу 30 македонски и албански куќи.Македонските нарекувајќи ги „српски“ во духот на големосрпската политика. Православните жители се иселиле во Дебар и дебарското село Баниште.

Во селото има остатоци од православна црква.

Сè до 2015 г. селото било дел од Општина Горица.

Иселеништво Според Филиповиќ, православниот род Јанковци во Мало Острени бил доселен од Косовец.

Поврзано Голо Брдо Дримколско-голобрдски дијалект

Наводи

Категорија:Села во Албанија Категорија:Булчица Категорија:Голо Брдо