Лак - Предикамница — археолошко наоѓалиште во охридското село Долно Лакочереј. Претставува населба од римско време. На влезот од селото, непосредно покрај патот Охрид - Долно Лакочереј, до мостот на Коселска Река случајно е откриена женска статуа од бел мермер, висока 0,80 м, која денес се чува во Музејот на Македонија во Скопје. Исто така, од ова наоѓалиште потекнуваат мермерна база и мермерно стебло од столб кои се наоѓаат во дворот на селската црква Св. Недела.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 247, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069.
Поврзано Баник — некрополаод римското време; Василички Гробишта — некропола од ран среден век; Градиште — населба од бронзено време; Дујгас — населба од римско време; Лак — населба од римско време; Св. Недела — населба и некропола од римско време; Долно Лакочереј; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Долно Лакочереј