Криви Загони - Лозишта — археолошко наоѓалиште во селото Мешеишта во областа Дебрца. Претставува доцноантичка некропола. На околу 400 м западно од селото и од магистралниот пат Охрид-Кичево, на меѓата од нивите на Мицко и Јонче Тупанчески, при изведувањето на земјоделските работи биле откриени гробови градени од тегули – тип „на две води“. Наодите се чуваат во Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј во Охрид.Коцо, Димче; Грозданов, Цветан (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 252, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Горно Поле — населба од доцноантичкото време; Горно Црквиште - На Мартинец — средновековна црква; Зад Лозја — доцносредновековна населба; Криви Загони - Лозишта — некропола од доцноантичкото време; Редеш — населба од доцноантичкото време; Св. Илија — населба од железното време и средновековна црква; Црвени Брегови — раносредновековна црква и некропола; Црква Св. Петар — доцносредновековна црква и некропола; Црквиште — средновековна црква и некропола; Чешмите - Магда — населба и некропола од доцноантичкото време; Мешеишта; Список на археолошки наоѓалишта во Дебрца; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи
Категорија:Мешеишта