Маалски Рид — археолошко наоѓалиште во охридското село Орман. Претставува населба и некропола од римското време. Се наоѓа на околу 300 м југоисточно од селото, на повисок рид што се издига над Косечка Река. Ридот се протега во правец североисток-југозапад, во должина од 300-400 м. По површината на горниот дел се среќаваат голем број на делови од покривни ќерамиди и грамади од градежен материјал. Во нивата на еден жител биле откриени темели од градба ѕидана од кршен камен, тули и варов малтер. Во 1938 година биле откопани четири гроба ѕидани од тули и варов малтер, а еден со мермерни плочи. Во нив биле најдени прстени, бронзени белезици, стаклени балсамарии, керамички садови, златен накит и друго, кои подоцна биле продадени на разни собирачи и установи.

Поврзано Мауцкер — градска населба од хеленистичкото време од 4 век пред нашата ера;ЕКОЛОГИСТИТЕ ОД ГРАШНИЦА БАРААТ ДА СЕ ИЗРАБОТИ АРХЕОЛОШКО СОНДАЖНО ИСТРАЖУВАЊЕ НА МАУЦКЕР Орман — населба од младото камено време и некропола од римското време; Чекоштина — некропола од доцноантичкото време; Орман; Список на археолошки наоѓалишта во Охридско.

Наводи