Аскаријанското зрачење познато и како Аскаријанов ефект е феноменот кога честичка патува побрзо од фазната брзина на светлината во густ диелектрик (како сол, мраз или месечев реголит) произведува туш од секундарни наелектризирани честички кои содржат анизотропија на полнеж и со тоа емитуваат конус на кохерентно зрачење во радио или микробранова како дел од електромагнетниот спектар. Слично е на зрачењето на Черенков. Името го добил по Гурген Аскаријан, руско-ерменски физичар кој го претпоставил тоа во 1962 година.

Зрачењето за првпат експериментално било забележано во 2000 година, 38 години по неговото теоретско предвидување. Досега ефектот е набљудуван во силициумски песок, камена сол, мраз, и Земјината атмосфера.

Ефектот е од примарен интерес за користење на булк-материја за откривање на ултрависока енергетска неутрина. Експериментот на Антарктичката импулсна минлива антена (АНИТА) користи антени прикачени на балон што лета над Антарктикот за да се открие Аскаријанското зрачење кое е произведено додека космичките неутрини патуваат низ мразот. Неколку експерименти ја користеле и Месечината како неутрино-детектор врз основа на откривање на Аскаријанското зрачење.GLUE projectRESUN project

Поврзано

Зрачење на Черенков

Наводи

Категорија:Физички појави Категорија:Честична физика