476 Пад на Римското Царство. 1837 Во присуство на поголем број стручњаци, американскиот научник Семјуел Морзе со успех ја демонстрирал работата на својот телеграф. Кон средината на мај во 1844 г. веќе била воспоставена телеграфска врска меѓу Вашингтон и Балтимор, а набрзо телеграфот почнаа да го користат и европските земји. 1886 Индијански војни: По скоро 30 години борба, водачот на Апачите, Џеронимо му се предава со неговите преостанати војници на генералот Нелсон Мајлс во Аризона. 1939 Втора светска војна: Јапонија прогласува неутралност во Европската војна. 1940 За првпат во Втората светска војна, Германска подморница напаѓа брод од САД (УСС Гир) без разлика на неутралноста на САД и предизвикувајќи тензиите да се зголемат. 1944 Советскиот Сојуз ѝ објави војна на Бугарија која беше сојузник на фашистичка Германија. Три дена подоцна, трупите на маршал Толбукин ги започнаа операциите на Добруџа. 1951 Првото прекуконтинентско телевизиско емитување се случува во Сан Франциско, Калифорнија, од Јапонската мировна конференција. 1971 Авион „Боинг 727“ (лет бр. 1866) од Alaska Airlines паѓа близу Џуно, Алјаска, убивајќи 111 луѓе. 1995 IV светска женска конферецнија се отвора во Пекинг, со присуство на над 4.500 делегати од 181 земја. 1996 Во Народната банка на Република Македонија се промовирани новите македонски пари, со нов дизајн, кои беа пуштени во оптек на 8 септември 1996 г. 2001 Објавено првото издание на графичкиот формат „размерлива векторска графика“ (SVG). 2016 Папата Франциск ја прогласува Мајка Тереза за светица.
4 септември