Отерндорф (; ) — мал град во округот Куксхафен, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на устието на реката Медем, дел од делтата на Елба.

Градот претставува административно седиште на општинската заедница Ланд Хаделн.

Стариот дел на градот вклучува бројни фахверк-куќи.

Географија Местоположба

Отерндорф се наоѓа на северниот брег од Долна Елба, во рамките на округот Куксхафен, во Долна Саксонија, припаѓајќи на историската област Хаделнски крја.

Градски единици

Отерндорф (гл. место) Остеренде Отерндорф Вестеренде Отерндорф

Историја

Отерндорф припаѓал на Ланд Хаделн, најпрвин како ексклава на Саксо-Витенберг, а подоцна по поделбата на династијата во 1296 година како дел на Саксо-Лауенбург. Прв пишан доказ за постоењето на градот Отерндорф потекнува од 1261 година во документ напишан од Годефридус, кој бил свештеник. Во 1400 година, Отерндорф ги добил градските права од војводата Ерих IV, војвода на Саксо-Лауенбург.

Припојувања

На 1 август 1929 година самостојните општини Остеренде Отерндорф и Вестеренде Отерндорф биле припоени кон градот.

Движење на населението

Година Жители 1910 1937 1 1925 1902 1933 3869 1939 4062 1950 7166 1956 6695 1961 5624 2 1970 5363 3 1973 6267 1975 6106 4 Година Жители 1980 6169 4 1985 6338 4 1990 6142 4 1995 6244 4 2000 6817 4 2005 7102 4 2010 7093 4 2015 7230 4 2018 7238 4

1 Податоците од 1929 г. за припоените места: Остеренде Отерндорф (1.280 жит.) и Вестеренде Отерндорф (997 жит.) 2 Резултатите од пописот на 6 јуни 3 Резултатите од пописот на 27 мај 4 податоци на 31 декември

Политика Градски совет

Градскиот совет се состои од 20 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 7.001 и 8.000 жители.Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten, abgerufen am 16. September 2016 Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 11 септември 2016 година биле добиени следниве резултати:

Партија/Листа Удел на гласови Број на места SPD 45,05 % 9 CDU 42,77 % 9 FDP 12,16 % 3

Градоначалник

Градскиот совет го избрал членот на советот Томас Булвинкел (CDU) за градоначалник за претстојниот период.

Збратимени градови

Отерндорф е збратимен со следниве градови:

Шерингам, Велика Британија Пенцлин, Германија

Стопанство

Денес, Отерндорф е омилено туристичко одредиште. Постојат неколку бањски езера близу плажата, камп-места, бројни апартмани и хостели. Градот е средиште на туризмот во т.н. Куксланд.

Познати луѓе

Хелмут Фридрикс (1899-1945) ― СС водач, член на Рајхстагот Торстен Шрифер (р. 1976) ― германски фудбалски судија Андре Хан (born 1990) ― германски фудбалер

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Куксхафен (округ)