„Во Солуна Еди куле“ — македонска народна песна. Песната е посветена на некојси јунак кој во песната, лежел ранет и болен во тврдината Еди-куле во Солун. Песната има патриотски и ајдутски карактер.
Текст -Во Солуна Еди куле, ранет јунак лежи, болен лежи, тага пати, сè љуто го боли. Над глава му славеј пиле, тажна песна пее.
Проговара ранет јунак на славеј пиле: - Не пеј пиле тажна песна, тук' иди до дома. Јас си имам, славеј пиле, до две машки деца.
Да им кажеш, славеј пиле, зошто сум в' зандани. Да пораснат, да се борат, за да ме осветат. Сум се борел за слобода, за Македонија.
Надворешни врски Во Солуна Еди куле (текст и музика) на pesna.org преку web.archive.org
Категорија:Македонски народни песни Категорија:Македонски родољубиви песни Категорија:Македонски ајдучки песни