Спутник V () — вакцина против КОВИД-19 развиена од Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“. Била регистрирана на 11 август 2020 година од Руското министерство за здравство како Гам-КОВИД-Вак (), Спутник V е аденовирусна векторска вакцина.

Гам-КОВИД-Вак била првично одобрена во Русија врз основа на прелиминарните резултати од клиничките студии од фаза I–II кои биле објавени на 4 септември 2020. Брзото одобрување во почетокот на август наишло на критики во масовните медиуми и предизвикако дискусии во научната заедница дали одлуката за одобрување била оправдана во отсуство на робустни научни истражувања кои ја потврдуваат безбедноста и ефикасноста на вакцината. На 2 февруари 2021, била објавена анализа од клиничките испитувања во научното списание The Lancet, која покажала ефикасност од 91,6 % без невообичаени несакани ефекти.

Итна масовна дистрибуција на вакцината започнала во декември 2020 во повеќе земји, вклучувајќи ги Русија, Аргентина, Белорусија, Унгарија, Србија и ОАЕ. Почнувајќи од март 2021, четириесет и пет земји дале одобрение за употреба на Спутник V додека над милијарда дози на вакцини биле нарачани за итна дистрибуција на глобално ниво.

Наводи

Категорија:Вакцини