Pachyprotasis simulans е палеарктички вид на растителна оса.
Живеалиште Географската распространетост на оваа оса е: Средна и Северна Европа, Сибир и Кина. Се среќава и во Македонија собран во Галичица.Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 220
Биологија Возрасните единки достигнуваат должина од 6,5-7,5 милиметри. Главата е белузлава на горната страна со црна темена дамка, антените се црни. Градите се од долната страна бели со коса црна линија, горната страна црна. Крилата стаклесто провидни, жилките и стигмата се кафеави. Абдоменот е црн од горната страна, од долната белузлав. Нозете се белузлави, а предните со црни линии, на задните нозе коксите се бели со црни дамки од страните.
Ларвите достигнуваат должина од 17 мм, телото им е синкавозелено или светлозелено. Тие се развиваат во текот на јули. А возрасните форми се среќаваат во текот на мај-јуни
Наводи
Категорија:Инсекти на Македонија Категорија:Растителни оси