Ментофобија или ментафобија ― концепт опишан од Доналд Грифин, зоолог од САД и основач на когнитивната етологија, за да означи силен отпор од научниците кон идејата дека животните, освен луѓето, се свесни. Грифин тврди дека постои табу „против научното разгледување на приватните, свесни, ментални искуства“ што доведува до минимизирање на значењето на свеста кај нечовечките животни, како и човечката свест и тврди дека ова претставува значителна бариера за научен напредок.

Ментофобијата била споредена со концептот на Франс де Вал за антропоодбивна: „слепило за човеколиките одлики на другите животни, или животноликите одлики на нас“. Исто така е споредувано со набљудувањето на Даниел Денет дека „може да се забележи љубопитна асиметрија“ кога станува збор за сигурноста на човечката свест што не е потребна за морална сигурност, но моралната сигурност не се применува кога станува збор за искуствата на другите животни.

Дејвид Шовет во „Contre la Mentaphobie“ („Против ментафобија“), тврди дека негирањето на свеста на животните ја ублажува вината што е поврзана со злоупотребите насочени кон нив.

Наводи

Библиографија

Категорија:Свест Категорија:Етика Категорија:Филозофија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ