десно|мини|300x300пкс| Кафулето Гринштајдл во 1896 година (Рајнхолд Велкел) Млада Виена (Jung-Wien) - друштво на писатели од „fin de siècle“ (крајот на векот) што се сретнувале во виенското кафуле „Griensteidl“ (Гринштајдл) и другите блиски кафулиња кон крајот на деветнаесеттиот век.
Групата се отргнала од преовладувачкиот натурализам од тоа време и експериментирала со различни аспекти на модернизмот, вклучувајќи ги симболизмот и импресионизмот. Во своето разгледување на крајот на векот во Виена, историчарот Карл Шорске напишал за движењето дека тие „го оспоруваат моралистичкиот став на литературата од деветнаесетти век во корист на социолошката вистина и психолошката отвореност“.
Херман Бар бил сметан за гласноговорник на групата. Меѓу другите членови биле Артур Шницлер, Феликс Дерман, Петер Алтенберг, Ричард Бер-Хофман, Феликс Залтен, Раул Ауернхајмер, Хуго фон Хофманштал и Карл Краус. Краус подоцна ќе се оддалечи од групата и во својот есеј „Уништената литература“, напишан веднаш по уривањето на „Café Griensteidl“ во 1897 година, тој ја критикувал групата и предвидувал дека „наскоро ќе заврши заради недостаток на фоаје“. По уривањето на кафулето, групата (без Краус) продолжила да се состанува во блиското „Café Central“.
Членови на групата
Петер Алтенберг, првично Рихард Енгландер (1859, Виена 1919, Виена), писател и поет Леополд фон Андријан, првично Леополд Фрајхер Фердинанд фон Адријан цу Вербург (1875 Берлин 1951, Фрибург), дипломат и писател Раул Ауернхајмер (1876, Виена 1948, Оукленд), новинар и писател Херман Бар (1863, Линц 1934, Минхен), писател, драматург и критичар Рихард Беер Хофман (1866, Виена 1945, Њујорк), романописец, драматург и лирски поет Јакоб Јулиус Давид (1859, Махриш Вајскирхен () 1906, Виена), новинар и писател Феликс Дерман, првично Феликс Бидерман (1870, Виена 1928, Виена), писател, книжевник и филмски продуцент Фрида Ул Штринберг (1872, Мондзе 1943), писател и преведувач Паул Голдман (1865, Бреслау1935, Виена, новинар, публицист, патописец, театарски критичар и преведувач Хуго фон Хофманштал (1874, Виена 1929, Родаун), писател, драматург, лирски поет и книжевник Карл Краус (1874, Јичин 1936, Виена), публицист, сатиричар, лирски поет, афорист, драматург и критичар Антон Линднер (1874, Лемберг 1928, Вандсбек), лирски поет, наративен писател,критичар и преведувач Феликс Залтен, првично Зигмунд Залцман (1869, Пешта 1945), автор и критичар Артур Шнитцлер (1862, Леополдштат 1931, Виена), наративен писател и драматург Ричард Шпехт (1870, Виена 1932), лиричар, драматург, музиколог и писател Јакоб Васерман (1873, Фирт 1934, Алтаусзе), писател Стефан Цвајг (1881, Виена 1942, Петрополис), писател
Наводи
Надворешни врски
Статија на германски јазик во Österreich Lexicon Статија за Lirerary Encyclopedia за Карл Краус
Категорија:Книжевни правци