1331  Стефан Душан се прогласува за крал на Србија. 1831  Вилијам IV е крунисан за крал на Велика Британија. 1940  На Водно, Скопје, се одржува Покраинската конференција на КПЈ за Македонија. Методија Шаторов - Шарло е избран за секретар на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, а Кочо Рацин е исклучен од партијата. 1941  Kaj Водно, Скопје, Боро Петрушевски успева да се пробие низ заседата на бугарската војска и полиција, при што убива еден бугарски војник. 1943  Американскиот генерал Двајт Ајзенхауер го објавува примирјето на сојузниците со Италија, а малку подоцна премиерот Бодољо им наредува на италијанските вооружени сили да го запрат отпорот против Британците и Американците. 1943  Ослободен е Дебар. 1944  Ослободени се Пробиштип и Крушево. 1966  Беше емитувана „Човечка стапица“, првата епизода од научнофанатастичната телевизиска серија „Ѕвездени патеки“. 1991  Ден на независноста на Македонија. 1992  Промовирана е првата редовна поштенска марка на Република Македонија. 2022  Чарлс III станува крал на Обединетото Кралство со смртта на неговата мајка истиот ден. 8 септември