Енди Рикер (роден 1963 година) е американски готвач, угостител и познат е по својата вештина и стручност во северната тајландска кујна. Тој исто така има напишано голем број на рецепти поврзани со тајландската кујна.
Кариера Започнувајќи го својот работен век како мијач на садови во Вермонт кога бил тинејџер, тој се здобил со кулинарски знаења додека работел во ресторани во земји како што се Нов Зеланд, Австралија и Тајланд и во ресторанот на Рејмонд Блан, Ле Мануар Кват Саисонс во близина на Оксфорд, Англија. Неговата прва посета на Тајланд беше во 1987 година. Од 1992 година наваму, тој ги продолжи своите патувања во Тајланд, престојувајќи таму неколку месеци секоја година за да ја проучува тајландската култура на храна.
Ресторани и барови Пок Пок, Портланд (ноември 2005 година) Пинг (2009–2012; 2020 – денес) Бар за виски, Портланд (декември, 2009 година) Пок Пок Нои (март 2011 година) Пок Пок Крило (преименувано: Пок Пок Пат Тај) (јануари 2012 година) Пок Пок Ни, Њујорк (април 2012 година) Сен Јаи, Портланд (мај 2013 година) Бар за виски во Њујорк (август 2013 година) Пок Пок Пат Таи, Лос Ангелес (ноември 2014 година) Пок Пок , Лос Ангелес (октомври 2015 година) Пок Пок, Њујорк (пролет 2017)
Награди 2007 година: „Ресторан на годината“ за Пок Пок во Портланд 2009 година: „Топ десет најдобри нови ресторани во Америка“ на списанието GQ 2011 година: Награда од фондацијата Џејмс Беард : Најдобар готвач, за неговиот ресторан Пок Пок во Портланд во 2011 година 2014 година: Годишни награди од Фондацијата Џејмс Беард, награди за книги, радиодифузија и весници, во категоријата „готвење, рецепти или упатства“ за написот „Sвездата на Сијам: Тајландско кари“ во списанието " Савеур " 2014 година: Награда на IACP во категоријата „Кулинарско пишување “ за написот „Sвездата на Сијам: Тајландски кари“ во списанието Савеур 2014 година: Пок Пок Њујорк добива sвезда во Водичот за Мишелун за Њујорк.
Книги
Пок Пок: Храна и приказни од улиците, домовите и рестораните патот на Тајланд (соавтор J. Ј. Гуд, фотограф Остин Буш, предговор на готвачот Дејвид Томпсон, 2013)
Телевизија
Ентони Бурдејн: Без резервации, Бруклин, ноември 2012 година Ентони Бурдејн: Непознати делови, Тајланд, јуни 2014 година Фаранг, приказната за готвачот Енди Рикер од VICE Films, јули 2014 година Вкусот, донесете ја топлината, јануари 2015 година
Наводи
Надворешни извори
Официјално мрежно место на рестораните и баровите на Енди Рикер
Категорија:Тајландска кујна Категорија:Родени во 1964 година Категорија:Живи луѓе