Свето Благовештение — селска црква во скопското село Бањане, Македонија. Прогласена е за споменик на културата на Македонија.

До црквата води земјен пат, кој се двои над манастирот „Св. Никита“ и поминува покрај црквата „Св. Богородица“.

Местоположба

Црквата е сместена над самото село Бањане, на падините на Скопска Црна Гора. Црквата е потешко пристапна.

Околу црквата се наоѓа простран комплекс со зачувана дабова шума. Во минатото, шумата била манастирска.

Историја

Црквата е стара, најверојатно и средновековна. Во минатото претставувала манастир со свој комплекс. Манастирот го посетувале и христијаните од денешното албанско село Блаце. Селото Никиштане претставувало метох на манастирот.

Галерија

Поврзано Бањане Скопска епархија Северноскопско архијерејско намесништво

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Бањане Бањане Категорија:Дела на Дебарската школа