Руската Премиер лига (РПЛ; ; РПЛ) — најсилна професионална фудбалска лига во Русија. Основана е на крајот на 2001 година како Руска фудбалска премиер лига (РФПЛ; ; РФПЛ) и била ребрендирана со сегашното име во 2018 година. Од 1992 до 2001 година, највисоко ниво на системот на руската фудбалска лига бил Руското фудбалско првенство (, Шампион Росии по Футболу ). Во конкуренција има 16 екипи. Лигата има три места кои водат кон квалификациите во Лигата на шампионите, дадени на трите најдобри екипи на крајот од сезоната, а две места во Лигата на Европа се распределуваат на четврто и петтопласираните екипи. Последните две екипи испаѓаат во Руската национална фудбалска лига на крајот од сезоната.
Руската Премиер лига ја наследила Топ дивизија вклучувајќи историја и рекорди. Создавањето на Премиер лигата се направило за да им даде на клубовите поголем степен на независност. Лигата во моментов се нарекува Руска Премиер Лига Тинкоф ( ) од спонзорски причини.
Од воведувањето на руската Премиер лига во 2002 година, ЦСКА Москва (6 пати), Зенит Санкт Петербург (6 пати), Локомотив Москва (3 пати), Рубин Казан (2 пати) и Спартак Москва (1 пат) ја освоиле титулата . Зенит Санкт Петербург е актуелен шампион на руската Премиер лига.
Шампиони СезонаШампионВторо местоТрето место1992ФК Спартак МоскваСпартак ВладикавказФК Динамо Москва1993ФК Спартак Москва (2)Ротор ВолгоградФК Динамо Москва (2)1994ФК Спартак Москва (3)ФК Динамо МоскваФК Локомотив Москва1995Спартак Аланија Владикавказ ФК Локомотив МоскваФК Спартак Москва1996ФК Спартак Москва (4)Аланија Владикавказ (2)Ротор Волгоград1997ФК Спартак Москва (5)Ротор Волгоград (2)ФК Динамо Москва (3)1998ФК Спартак Москва (6)ПФК ЦСКА МоскваФК Локомотив Москва (2)1999ФК Спартак Москва (7)ФК Локомотив Москва (2)ПФК ЦСКА Москва2000ФК Спартак Москва (8)ФК Локомотив Москва (3)Торпедо Москва2001ФК Спартак Москва (9)ФК Локомотив Москва (4)Зенит Санкт Петербург2002ФК Локомотив МоскваПФК ЦСКА Москва (2)ФК Спартак Москва (2)2003ПФК ЦСКА МоскваЗенит Санкт ПетербургФК Рубин Казањ2004ФК Локомотив Москва (2)ПФК ЦСКА Москва (2)Крилија Советов Самара 2005ПФК ЦСКА Москва (2)ФК Спартак МоскваФК Локомотив Москва (3)2006ПФК ЦСКА Москва (3)ФК Спартак Москва (2)ФК Локомотив Москва (4)2007Зенит Санкт ПетербургФК Спартак Москва (3)ПФК ЦСКА Москва (2)2008ФК Рубин КазањПФК ЦСКА Москва (4)ФК Динамо Москва (4)2009ФК Рубин Казањ (2)ФК Спартак Москва (4)Зенит Санкт Петербург (2)2010Зенит Санкт Петербург (2)ПФК ЦСКА Москва (5)ФК Рубин Казањ (2)2011–12Зенит Санкт Петербург (3)ФК Спартак Москва (5)ПФК ЦСКА Москва (3)2012–13ПФК ЦСКА Москва (4)Зенит Санкт Петербург (2)ФК Анжи2013–14ПФК ЦСКА Москва (5)Зенит Санкт Петербург (3)ФК Локомотив Москва (5)2014–15Зенит Санкт Петербург (4)ПФК ЦСКА Москва (6)ФК Краснодар2015–16ПФК ЦСКА Москва (6)РостовЗенит Санкт Петербург (3)2016–17ФК Спартак Москва (10)ПФК ЦСКА Москва (7)Зенит Санкт Петербург (4)2017–18ФК Локомотив Москва (3)ПФК ЦСКА Москва (8)ФК Спартак Москва (3)2018–19Зенит Санкт Петербург (5)ФК Локомотив Москва (5)ФК Краснодар (2)2019–20Зенит Санкт Петербург (6)ФК Локомотив Москва (6)ФК Краснодар (3)
Статистика КлубШампионВторо местоТрето местоГодина на освојување Спартак Москва 10 5 3 1992, 1993, 1994, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2001, 2016–17 ЦСКА Москва 6 8 3 2003, 2005, 2006, 2012–13, 2013–14, 2015–16 Зенит Санкт Петербург 6 3 4 2007, 2010, 2011–12, 2014–15, 2018–19, 2019–20 Локомотив Москва 3 6 5 2002, 2004, 2017–18 Рубин Казањ 2 0 2 2008, 2009 Спартак Владикавказ 1 2 0 1995 Ротор Волгоград 0 2 1 Динамо Москва 0 1 4 Ростов 0 1 0 Краснодар 0 0 3 Торпедо Москва 0 0 1 Крилија Советов 0 0 1 Анжи Махачкала 0 0 1Вкупно282828
Наводи
1 Русија Категорија:Појавено во 2001 година