Куаутемок Бланко (роден на 17 јануари 1973 во Мексико) — мексикански политичар и поранешен фудбалер, играч од средниот ред или напаѓач.

Биографија Бланко е роден во Град Мексико, во областа Тлатилко, но пораснал во Тепито. Неговите родители Фаустино Бланко и Хортенсија Браво, го крстиле по последниот ацтечки император Куаутемок, чие име во превод значи „оној што слезе како орел“.

Технички карактеристики Профил

Бланко важи за еден од најголемите мексикански фудбалери на сите времиња. Неговиот дрзок, агресивен и конфронтативен стил на игра се рефлектира и на теренот и надвор од него.

Тој бил офанзивен играч од средниот ред, поточно класичен плејмејкер, кој и покрај тоа што играл како играч за врска, се истакнувал со своите технички квалитети, асистенции и голови.

Со реализирани 71 од 73 пенали во својата кариера, тој несомнено се смета за еден од најдобрите пеналџии во историјата на фудбалот.

Куаутемиња Во деведесеттите години, тој станал познат по измислувањето на Куаутемиња, посебен технички потез кој што се состои од ослободување од противникот со скокање заглавувајќи ја топка меѓу нозете,Cuauhtemiña, YouTube.com. нешто што тој го изложил во натпреварот против на Мундијалот 1998 во Франција и за време на Мундијалот 2002 против репрезентацијата на Италија.Cuauhtemiña , Intergoals.co.uk. посетено 27 март 2021

Трикот е лесен за изведување, но е привлечен и е вметнат како посебна вештина во серијалот на фудбалски видео игри на ФИФА.

Прослава на головите Самиот Бланко признал за мексиканската телевизија и во печатот дека прославата на неговите голови со стрелата е имитација на прославата на головите создадена од поранешниот напаѓач на Атлетико Мадрид, Кико. Во интервју за мексиканскиот весник Ел Универсал од 2005 година, Бланко објаснува дека додека гледал натпревар од шпанската лига во придружба на неговиот соиграч Херман Виља, двајцата играчи се согласиле да го прослават својот следен гол имитирајќи го гестот со стрелата. На крајот, само Бланко го сторил тоа, и на шега го прекорил Виља дека не го одржал зборот. Сепак, официјалното мрежно место на Чикаго Фајр тврдела дека Бланко ги слави постигнатите голови дејствувајќи како императорот Куаутемок, со цел да се покаже почит кон мексиканскиот народ и домородното население.

Клупска кариера Америка, Некакса, Реал Ваљадолид и Веракрус

Бланко ја започнал својата кариера во Америка во 1992 година, каде што освоил разни награди, тимски и поединечни. Бланко дебитирал во мексиканската Примера Дивисион во 1992 година на 19-годишна возраст. Тој останал под договор со Америка до 2007 година, што значи дека најголемиот дел од својата кариера го поминал во овој клуб, но исто така бил позајмуван и во други екипи како Некакса, шпански клуб Реал Ваљадолид, и Веракрус. Забележувајќи 333 настапи и 135 погодоци за клубот во кој што поникнал, Бланко стана идол на симпатизерите на Америка и важна фигура во историјата на тимот. Тој ја освоил својата прва Златна копачка со 16 погодоци во зимското првенство 1998.

thumb|right|Бланко со Ваљадолид против во септември 2001. Потоа, тој бил позајмен во Некакса, каде постигнал 13 гола на 28 настапи. Подоцна, Бланко го имал првото интернационално искуство кога се преселил на европскиот континент да игра како позајмен играч на шпанскиот Реал Ваљадолид за сезоната 2000-2001. Сепак, тој се здобил со скршеница на ногата додека бил на должност со репрезентацијата, која го извадила од терените за околу шест месеци. Следната сезона Бланко се врати во Ваљадолид на уште една позајмица, но се борел со копнежот да ја врати формата. За разлика од претходната сезона овојпат тој одиграл многу повеќе натпревари и постигнал 3 гола, меѓу кој најзабележителен бил оној од слободен удар против Реал Мадрид на Бернабеу.

Во Апертура 2004 Бланко играл на заем во Веракрус, каде што на крајот со клубот ја освоиле својата група, но биле поразени во плејофот од УНАМ. Во мај 2005 година, Бланко ја освоил својата прва клупска шампионска титула како играч, водејќи ја Клуб Америка до десеттата титула во мексиканското првенство, кога клубот го совлада УАГ со вкупен резултат 7–4 (1–1, 6–3). Во следните три последователни години помеѓу 2005 и 2007 година, тој беше избран за МВП.

Својот последен гол за Америка го постигнал во 2007 година за време на финалето на Клаусура првенството против Пачука, во кое неговиот клуб бил поразен со вкупен резултат 2-3 (1-2, 1-1).

Чикаго Фајр На 2 април 2007 година, Бланко потпишал за американскиот Чикаго Фајр, клуб кој се натпреварува во МЛС лигата. Тој бил пречекан од околу 5.000 навивачи на Тојота Парк додека спроведувал интервјуа со медиумите, потпишувал автограми и се поздравувал со навивачите. Дебитирал во МЛС лигата во победата со 3-0 на гостувањето кај Торонто, забележувајќи асистенција за првиот гол кој го постигнал Иван Гереро. Својот прв гол го постигнал во третиот натпревар за Фајр, во победата со 2-0 над Реал Солт Лејк; голот подоцна бил избран за МЛС гол на годината.Media Player Својата прва сезона ја завршил со 14 натпревари, 4 гола и 6 асистенции. Тој, исто така, одиграл 3 натпревари и во плејофот, каде Чикаго Фајр стигнале до полуфиналето во кое загубиле од Њу Ингланд Револушн. Бланко подоцна бил изгласан како финалист за наградите МВП и Новајлија на годината за сезоната 2007.

За време на своето играње во МЛС, Бланко бил втор најплатен играч во лигата, по играчот за врска на Лос Анџелес Галакси Дејвид Бекам, заработувајќи 2,7 милиони долари годишно.

На 24 јули 2008 година, во МЛС Ол-стар натпреварот против Вест Хем Јунајтед, Бланко ја освоил наградата МВП забележувајќи една асистенција и еден гол, за 46 минути игра. МЛС Ол-стар тимот победил со 3-2.

Сантос Лагуна На 19 ноември 2008, Сантос Лагуна го довел Бланко на позајмица, за да игра само во натпреварите од плејофот на Апертура, како замена за нивниот повреден напаѓач еквадорецот Кристијан Бенитес. Бланко бил официјално презентиран пред медиумите следниот ден, облечен во дресот со број 9, и изјавил дека со нетрпение чека да излезе на терен и да му помогне на Сантос да ја одбрани титулата.Blanco va a Santos pero sólo para la Liguilla Blanco quiere el bicampeonato para el Santos

На 29 ноември 2008 година, Бланко го постигнал својот прв гол за Сантос Лагуна, реализирајќи од пенал во победата со 2-1 во реваншот од четвртфиналето на плејофот против Сан Луис. Сепак, тоа бил неговиот единствен погодок за клубот, бидејќи популарните Лагунерос биле елиминирани во полуфиналето од подоцнежниот шампион Толука со вкупен резултат 2-1.

Последните сезони

Во октомври 2009 година, Бланко објавил дека нема да го продолжи договорот со Чикаго Фајр и наместо тоа ќе потпише со мексиканскиот второлигаш Веракрус. Сепак, по 6 месеци го напуштил Веракрус и заминал во Ирапуато, клуб кој се натпреварувал во истата лига. Предводен од Бланко, Ирапуато ја освои Клаусура во 2011 година, но тимот не успеал да се пласира во Примера Дивисион, губејќи од Тихуана во финалето за промоција.

Во декември 2011 година, Бланко се приклучил на Дорадос де Синалоа од Лига де Асенсо. За време на Апертура 2012, Бланко го освоил Купот на Мексико со Дорадос. И покрај тоа што Бланко објавил дека ќе се повлече по крајот на 2012 година, тој се предомислил и играл уште шест месеци со Дорадос. Сепак, по завршувањето на турнирот, тој не го продолжил договорот и бил ослободен од клубот во јуни 2013 година.

Потоа тој потпишал за Лобос БУАП, каде играл една година, по што тој не го продолжил договорот со БУАП и бил ослободен од клубот на крајот на сезоната, откако клубот не успеал да се пласира во плејофот за промоција.

Размислувајќи за пензија, Бланко уште еднаш одлучил да ја продолжи својата кариера потпишувајќи за Пуебла, по што се вратил на играњето во најсилната мексиканска лига за првпат по повеќе од пет години. На 21 април 2015 година, тој играл во финалето на Клаусура купот на Мексико против Гвадалахара, влегувајќи од клупата. Пуебла го освоила купот и го испратила Бланко како шампион, во она што требало да биде последниот натпревар во неговата кариера.

На 22 февруари 2016 година, по еден месец од неговата политичка кариера, било објавено дека Бланко ќе учествува во официјален натпревар од 9-тото коло на мексиканската Примера Дивисион за време на Клаусура првенството 2016, играјќи за клубот во којшто ја започнал неговата кариера - Клуб Америка. Овој натпревар требало да има за цел да му овозможи официјално да ја заврши кариерата во клубот во којшто и ја започнал. На 5 март, Бланко го започна натпреварот против Морелија облечен во дрес со број 100 и одиграл 36 минути за Америка на Естадио Ацтека, пред да биде заменет со Дарвин Квинтеро. За време на натпреварот, Бланко го демонстрирал својот трејдмарк потез по кој станал познат - Куаутемиња - и имал два удари кон голот, од кои едниот завршил во пречката. Америка го добила натпреварот со 4–1.

Во својата клупска кариера Бланко одиграл преку 600 натпревари и постигнал близу 200 гола. Кариерата ја завршил на 43-годишна возраст

Репрезентативна кариера Бланко ја претставувал мексиканската репрезентација од 1995 до 2010 година (со посебен настап во 2014 година). Тој забележал вкупно 120 настапи и постигнал 39 погодоци за Мексико, со што претставува трет најдобар стрелец за својата земја, единствено зад Хавиер Ернандес и Џаред Боргети. Во 2010 година, тој станал првиот мексиканец кој постигнал гол на три Светски првенства (во 1998, 2002 и 2010), подвиг подоцна израмнет од Рафаел Маркес и Хавиер Ернандес.

Бланко го направил своето деби со сениорската репрезентација под водството на Бора Милутиновиќ, во пријателски натпревар против Уругвај на 1 февруари 1995 година. Следната година, тој играл на КОНКАКАФ Голд купот во САД, на кој Мексико триумфирал и ја освоил својата петта титула на натпреварувањето. Во полуфиналето на споменатиот турнир, против Гватемала, тој го постигнал својот прв гол за репрезентацијата воедно и единствениот на натпреварот со кој го одвел Мексико во финалето. Таму, против Бразил, Бланко го постигнал вториот гол за Мексико со кој ја запечатил победата (2-0) на неговата земја, по што започнало славјето на мексиканците.

Во 1997 година, тој настапил на Копа Америка и кон крајот на годината на Купот на конфедерации. На првото натпреварување Бланко ги одиграл сите 6 натпревари на Мексико, постигнувајќи еден гол, во четвртфиналето против Еквадор добиено по изведување на пенали. Мексико го освоиле третото место на Копа Америка, совладувајќи го Перу со 1-0 во „малото“ финале. На Купот на конфедерации во Ријад, Саудиска Арабија, Бланко постигнал три гола, два против домаќинот Саудиска Арабија во победата со 5-0 и еден во поразот со 3-2 од Бразил, недоволно да и помогне на својата репрезентација да ја мине групната фаза.

На КОНКАКАФ Голд купот 1998, мексиканците ја одбраниле титулата, а Бланко придонел за тоа со 2 гола во 4 настапи; двата свој гола ги постигнал во натпреварот од групната фаза против (2-0). По завршувањето на турнирот, Бланко бил избран во тимот на првенството, заедно со сонародниците Клаудио Суарес и Рамон Рамирес. Во летото 1998 година, тој бил избран да го претставува Мексико на Светското првенство 1998 во Франција, што бил неговиот прв мундијал во кариерата. Дебитирал во првиот натпревар на репрезентацијата на турнирот, победата со 3-1 над Јужна Кореја во Лион на 13 јуни 1998. Во вториот натпревар од групата против во Бордо, Бланко го постигнал својот прв мундијалски погодок, израмнувајќи го резултатот на 2-2 што бил и конечниот резултат на тој натпревар. После уште едно реми со Холандија, Мексико минале во осминафиналето каде и покрај водството биле елиминирани со 2-1 од .