thumb|right|upright=0.7|Симулација на железниот стап што поминал низ черепот на Финеас Гејџ, и што довело до промена на личноста. Психологија на личноста е дел од психологијата што ги проучува личноста и личните посебности. Психологијата на личноста го проучува човековото однесување набљудувано во целост. Таа се занимава со три главни прашања: структура, динамика и развој на личноста. Структурата на личноста ја претставуваат нејзините особини и нивната поврзаност. Динамиката на личноста ја претставуваат нејзините двигатели - динамизми. Развојот на личноста покажува дека таа не е дадена еднаш засекогаш, туку дека таа претставува динамичен процес.
Личноста, пак, се дефинира како збир на одлики на човекот кои го одредуваат неговото однесување, односно интегрирано и усогласено функционирање на неговите поединечни специфичности. Честопати во секојдневниот живот се употребуваат и поимите човек и поединец.
Поим за личност Поединецот е конкретниот човек - оној што од другите се разликува според своите биолошки, социјални и психички својства.
Конкретниот човек - поединецот - во текот на својот развој, постепено се усовршува и се формира во личност. Во тој развој човекот сè повеќе осознава, ги усвојува општествените искуства и ја развива својата активност. Според сознанието, знаењата, способностите, искуствата и воопшто активноста, личноста на малото дете се разликува многу од личноста на возрасниот човек. Личноста значи е севкупноста на сите психички појави кај човекот, психички процеси, состојби и особини, кои кај секој поединец се организирани на специфичен начин. Личноста е резултат на заемното влијание на следните фактори: наследство, средина и активност на единката.
Секоја личност има свое специфично однесување кое се одликува со својата: доследност, единство и особеност. Разединетост и неединство на личноста се јавува само во случаи на психопатолошки нарушувања. Особеност значи дека секој човек е специфичен, поинаков од другите луѓе и неповторлив. Секој од нас поседува специфични особености, што се комбинираат на оригинален начин во посебна личност. И самиот човек себе се докажува како специфичен. Тоа сознание за себе како единствена и незаменлива личност го претставува човековото самосознание. Тоа се формира врз основа на сопственото мислење за себе, но и врз основа на мислењето на другите луѓе за него. На тој начин се формира идентитетот на личноста.
Задачи на психологијата на личноста Сложената област како што е психологијата на личноста, има повеќе задачи со кои се занимава, како на пример: да ја открие структурата на личноста и да открие како личноста се развива и кои се нејзините движечки сили. Повремените истражувања се занимаваат и со тоа како единката се доживува како личност, што е тоа зрела личност, мерења од разни аспекти на личноста, а се занимава и со истражување на личноста на разни занимања, како личноста на наставници, на креативни ученици, односно на процесот на асоцијацијата.
Факторски поглед на личноста Теории на личноста Цртите претставуваат основни елементи на структурата на личноста. Тие имаат свои особености: укажуваат на тенденции да дејствуваме на ист начин во исти ситации; тие се релативно трајни особини на личноста, заради што можеме донекаде да предвидуваме однесување на личност во одредена ситуација; тие можат да бидат воопштени, односно да се препознаваат во поширок обем на активности на една единка.
На пример, самоконтролата и воздржаноста се менифестираат во сите нејзини постапки, а истрајноста доаѓа до израз само во рамките на работната активност на единката. Цртите можат да се универзални, имено можат да се сретнат кај поголем број единки. Тоа се црти со кои се изразуваат телесните особености (висина, тежина), способности развиени во помал или поголем степен, затоа за цртите како двополни динамизми на личноста, кои се распостираат во континиум помеѓу својот позитивен и негативен пол (весел -нажален, трудољубив - мрзелив, спонтан - инхибиран, скржав - дарежлив итн.).
Рајмонд Кател во неколку етапи во растојание од неколку години (1945 -1978) сите црти ги подложува на факторска анализа и го намалува нивниот број бидејќи ги исклучува цртите синоними (помеѓу кои постои корелација, бидејќи мерат исто или слично). Така доаѓа до 16 црти, независни една од друга (помеѓу нив постои една мала корелација). Воедно создава прашалник, инвентар на личноста 16 ПФ (прашалник за утврдување 16 црти на личноста) и така нуди егзактно мерење во рамките на личноста, што било револуционерен напредок во тоа време.
Кател говори за површински изворни црти на личноста. Првите се манифестираат во однесувањето и врзани се за ситуации, нивното значење е ситуационо, а не генерално. Изворните црти на личноста се одговорни за доследноста во однесувањето и кога ситуациите се различни. До нив се доаѓа по пат на факторска анализа на однесување.
Површински изворни црти се фактори од прв ред. Со нивна факторска анализа се доаѓа до фактори од втор ред. Во структурата на личноста односно до типови на личноста. Сепак најчесто се користат фактори од прв ред и тоа изворните црти за кои е направен прашалникот. Изворните црти се црти со кои се опишуваат способности, темперамент и динамички црти. Темпераментот е устројствена (наследна) црта, а способностите и мотивите се под влијание на средината.
Црти на личноста Во поновата надолжна студија во која се следени испитаници од 20 до 25 години и од 70 до 75 години старост, добиени се следниве резултати: некои црти на личноста како ниво на општа активност, склоност кон размислување, останале трајни во сите тие години, а некои црти како склоност кон анксиозност и невроза не се стабилни, бидејќи и на такви црти влијае ситуацијата и тоа стресната ситуација.
Во една друга надолжна студија испитаниците се следени во перодот од 50 години и најдено е дека личноста се менува во периодот помеѓу адолесценцијата и раната зрелост. Во текот на средината и долната зрелост сѐ уште се случуваат промени во личноста, но тие промени се со средна динамика. Цртите кои се докажале најстабилни во оваа ситација се: ориентацијата кон постигнување (или обратно кон стагнирање), зависност (или противење на зависност) и социјалност (или повлеченост). Изразито нестабилна црта се покажала самодовербата (или несигурноста). И оваа студија покажала дека промени во личноста има и во средината и доцната зрелост особено кај цртата со недоверба.
Евалуација на факторските теории на личноста Прво, личноста се опишува со низа црти, 3, 5 или 16 и нема согласност, барем за сега, која теорија на црти е најдобра во пишувањето на личноста.
Второ, внесувањето на личноста зависи од ситуацијата, затоа треба да се проучи како цртите корелираат во ситацијата, а како таква интеракцијата влијае врз однесувањето.
Трето, цртите ни овозможуваат да го објасниме или предвидиме однесувањето, што е делумно точно, бидејќи цртите можат да се користат како предикатори, само во исти ситуации.
Динамика на личноста Потребите, мотивите, волјата, интересирањата, ставовите и идеалите влијаат врз насочувањето на човековата активност и се наречни динамизми, двигатели на личноста. Кај секој човек овие динамизми се организирани на посебен начин. Динамиката на секоја личност е мошне сложена, затоа што честопати се случува двигателите да дејствуваат и спротивно.
Динамика на личноста според Фројд Кога станува збор за динамиката на личноста Фројд истакнува дека покретите на човековото дејствување се вродени инстикти. Луѓето во различни периоди од животот тежнеат кон остварувањето на своите цели, меѓутоа нивната активност лежи во ограничениот број на инстикти.
Динамика на личноста според Олпорт Според Олпорт идентификувањето себеси во различни ситуации од животот, свеста за себе како личност, самопочитувањето, рационалното мислење зад кое се развива сопственото "ЈАС" - многу се важни за формирањето на сопствената личност.
Развој на личноста Улогата на наследството, средината и активноста Во периодот на развојот на личноста доаѓа до менување на особините и структурата на личноста во целост. Токму во тоа менување на особините и структурата на личноста се состои нејзиниот развој. Во овој развој големо влијание имаат наследството, средината и активноста. Постојат различни сфаќања за улогата на овие фактори. Има сфаќања дека наследството е единствен, или барем одлучен фактор од кој зависи развојот на личноста. Застапниците на ова мислење сметаат дека од наследството зависи не само способноста и темпераментот, туку и други особини на личноста. На пример: амбициозност, упорност, стрпливост. По ова сфаќање коешто се нарекува нативистичко, наследството главно го одредува целокупниот развој на личноста.
Спротивно на ова мислење е дека личноста е резултат на дејствувањето на средината. Разликите што се јавуваат помеѓу единките се резултат на различните услови во кои живееле поединците. Сите единки да би живееле под исти услови не би имало никаква разлика помеѓу нивните личности. Ова сфаќање коешто го застапувал американскиот психолог Вотсон се нарекува емпиристичко мислење.
За да се развие способноста на личноста, потребна е интензивна активност, и тоа пред сè неговата свесна активност. Различните задачи кои човекот ги решава, различните цели коишто редовно си ги поставува пред себеси ја сочинуваат свесната активност. Затоа може да се рече дека покрај наследството и средината, важен фактор во формирањето на личноста има и активноста.
Во својот развој личноста поминува низ неколку стадиуми: До крајот на првата година извор на задоволствата е устата и тоа е орална фаза. Во втората година од животот детето учи да ги извршува своите хигиенски навики, да ги празни бешиката и дебелото црево, што е извор на задоволствата на детето и ова е анална фаза. Потоа во седмата година е фаличкиот стадиум во кој детето го открива својот пол и половите органи и задоволството од дразнењето на ерогените зони. Во оваа фаза значаен е Едиповиот комплекс во кој детето изразува стремеж кон родителот од спротивниот пол, а непријателство кон родителот од истиот пол. Од седмата година е периодот на латенација, сè до пубертетот кога започнува последната фаза од развојот на личноста, гениталната фаза во која што либидото не е веќе насочено кон сопствената личност, туку кон лице од спротивниот пол. Во формирањето на личноста според Фројд пресудна улога има детството. Според него личноста е оформена до петтата година (Фројд вели: Детето е татко на човекот). Имено ако споменативе стадиуми поминат без проблеми, личноста се развива нормално, ако пак настанат проблеми во врска со хранењето или празнењето на бешиката или дебелото црево како и со Едиповиот комплекс, настанува фиксација на одреден стадиум на личноста и единката се развива со карактерна изопаченост и други патолошки однесувања. Така, фиксација во оралниот период води кон пиење и пушење, во аналниот кон претерана чистота и страв од микроби, а во фаличкиот период кон сексуална изопаченост.
Од самиот почеток Фројд имаше не само приврзаници, туку и оние кои не се согласуваа со неговата теорија и кои потоа беа творци на нови психодинамички теории. Тоа се неофројдисти. Еден од таквите е Карл Густав Јунг кој се спротивставил особено на толкувањето на сексуалниот нагон на човекот. Исто така Јунг смета дека несовесното кај човекот содржи повеќе од она што наведува Фројд. Јунг зборува за колективното несвесно, кое содржи слики и симболи вродени кај човекот од неговите предци. Тој верува дека колективното несвесно објаснува зошто луѓето, припадници на различни култури имаат свои слики и митологија.
Карен Хорнеј и Алфред Адлер сметаат дека Фројд го пренагласува детството и раното сексуално искуство. Тие сметаат дека социјалните искуства до кои детето доаѓа во детството, се мошне значајни за развојот на личноста. Така додека Фројд смета дека жената е зависна субмисивна заради своите биолошки сили, Корен Хорнеј не се согласува со Фројд и смета дека споменатите одлики на жените произлегуваат од социјалните и културните сили.