Веле Јованов Ивановски ( во ― во ) ― македонски партизан и учесник во НОВ.
Животопис Се занимавал со земјоделство. На 20 ноември 1944 година, по ослободувањето на Скопје, стапил во 3 македонска ударна бригада, заедно со постариот брат Пеце.
Како борец на минофрлачка чета станал мајстор во ракувањето со новото оружје, посебно со минофрлачи. По успешно завршената военополитичка обука, со Бригадата заминал на Сремскиот фронт. Во жестоката битка за ослободување на Врпоље, храбро загинал. По ослободувањето, неговите посмртни останки како и коските на неговиот брат Пеце Ивановски, биле пренесени и погребани во гробиштата кај Маџари.
Поврзано
Пеце Ивановски Добре Ивановски
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ