алт=|мини| Царските Дини во Јумската Пустина Јумската Пустина е дел со пониска височина од пустината Сонора во југозападниот дел на САД и северозападот на Мексико. Лежи во Салтонскиот Слив. Пустината содржи области со ретка растителност и има забележителни области со песочни дини. Со просечни врнежи од дожд помалку од 20мм секоја година, ова е меѓу најсуровите пустини во Северна Америка. Човечкото присуство е ретко низ, најголемиот град е Јума, Аризона, на реката Колорадо и на границата со Калифорнија.
Преглед Пустината ги вклучува пониските делови на југозападниот агол на Аризона, протегајќи се на запад до реката Колорадо. Од другата страна на реката, во Калифорнија, се наоѓа регионот на Колорадската Пустина во пустината Сонора, исто така познат како Ниска Пустина. Иако двата региони се одделени само од реката Колорадо, бројни видови на растенија и животни живеат само од едната или од другата страна, како што е кактус сагуаро, што се случува само источно од реката.
Јумската Пустина, исто така, вклучува песочни рамнини на западна Сонора, одејќи сè до почетокот на Калифорнискиот Залив, а потоа во внатрешниот појас што стигнува до внатрешноста на сонорското средиште. Најзначајната река во оваа пустина е реката Хила во Аризона. Националниот споменик на оргулски кактуси се наоѓа во оваа пустина, како и Националното засолниште за диви животни Кофа и Националното засолниште за диви животни Кабеза Приета.
Кон јужниот дел на аризонската Јумска Пустина, во северниот дел на Мексико, е вулканското поле и биосферен резерват Пинакате, дел од Гран Десиерто де Алтар, што е јужното продолжување на Јумската Пустина. Се наоѓа на северозападното подножје на мексиканската Западна Сиера Мадре, западната планинска кордиљера.
Флора мини|100x100пкс| Agave deserti, растение кое потекнува од Јумската Пустина Во растителноста доминира грмушката креозот (Larrea tridentata), која е широко распространета. Кактусот сагуаро (Carnegiea gigantea) и окотиљо (Fouquieria splendens) се вообичаени на бахадите, додека многу од пронајдените пустински дрвја се ограничени на суви водотеци; овие вклучуваат паловерде (Parkisonia), пустинска врба (Chilopsis linearis), пустинско железно дрво (Olneya tesota) и чадни дрвја (Psorothamnus spinosus).
Јумската Пустината е северниот раб на раширеноста на слоновото дрво (Bursera microphylla) и синиот долен љиљан (Triteleiopsis palmeri).
Фауна
алт=|мини| Регионот од орбитата.Salton Trough 29 јули 2013
Поврзано
Лечугиљска Пустина Туле (пустина во Аризона) Колорадска Пустина Алтар (пустина) Сонорска Пустина Чивавска Пустина
Наводи
Надворешни врски
Britannica.com Картаа на сливот на Јумската Пустина Регионални точки на интерес за Јумската Пустина
Категорија:Пустини во САД Категорија:Пустини во Мексико