Моклиште — археолошко наоѓалиште во прилепското село Витолиште. Претставува населба од римско време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа на 1 километар јужно од работ на селото, од двете страни на патот за селото Полчиште, во широкиот Моклишки Дол.

Опис

Во повеќе ниви се среќаваат фрагменти од керамички садови, тегули, згура од топена руда и темели од повеќе објекти градени од камен и варов малтер.

Поврзано Бојков Дол — населба од доцноантичкото време; Влајкова Чешма — населба од римското време; Вртко Ливада — населба од доцноантичкото време; Горе Река - Пртева Ливада — населба од римското време; Гробишта Св. Илија — некропола од римското време; Ѓерек — населба од римското време; Заградничка Чука — утврдена населба од доцноантичкото време; Задна Река - Грмајте — населба со некропола од доцноантичкото време и некропола од средниот век; Каравашчина — населба од доцноантичкото време; Ковачево — населба од доцноантичкото време; Лачникот — некропола од римското време; Лигораса — населба од доцноантичкото време; Полените — населба од римското време; Пртева Ливада — населба од доцноантичкото време; Св. Петка – Голем Даб — населба од доцноантичкото време и раниот среден век; Св. Харалампија — некропола од римското време; Сињак — населба од доцноантичкото време; Царичина Нива — населба од неолитското и римското време; Црква Св. Атанас — осамен наод од римското време; Црквиште - Урвич — населба од средниот време; Шупливец — населба од римското време; Св. Петка-тумули — некропола од железното време; Витолиште; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Витолиште