Папрадишки Рид — археолошко наоѓалиште во прилепското село Витолиште. Претставува населба од доцноантичкото време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа на 1 километар северно од селото, на едно зарамнето плато.

Опис

На површината се гледаат траги од ѕидови и грамади од кршен камен, голем број фрагменти од разни типови на тегули и имбрекси. Поретко се среќаваат и фрагменти од керамички садови и питоси.

Поврзано Во Селото — осамен наод од доцноантичко време; Градишка Тумба — населба од доцноантичко време; Козјаник — населба од доцноантичко време; Писаник — населба од доцноантичко време; Солишка Падина — населба од доцноантичко време; Средна Падина — населба од доцноантичко време; Трнка — населба од доцноантичко време; Црнелица — населба од доцноантичко време; Гуѓаково; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Гуѓаково