Јован Николиќ (), (, ) – ромски писател од Србија кој моментално живее во Германија. Во Германија е познат по новелата „Бела врана, црно јагне“, преведена на германски од Бербел Шулте како Weißer Rabe, schwarzes LammCeo Keln čita Jovana 2011
Неговите родители се селеле ширум Југославија како што неговиот татко имал работа како музичар, сè додека не се вратиле во родниот град на неговите родители Чачак кога Јован имал 12 години. Во своите дваесетти години Николиќ се вратил во Белград за да работи како изведувач во ноќните клубови и воедно се занимавал со слободно новинарство. Николиќ се преселил во Германија после НАТО бомбардирањето на Србија.
Творештво
Новели
Од никаде гостин (Гост ниоткуда - на српски и ромски јазик, 1982) Ѓурѓовден (Ђурђевдан - 1987) Нејќам да се родам (Нећу да се родим - 1991) Очите на покојното јагне (Очи покојног јагњета - 1993) Тело и околина (Тело и околина - 1994) Мала ноќна музика (Мала ноћна музика - 1998) Соба со тркало (Соба с точком - 2004) Бела врана, црно јагне (Бела врана, црно јагње - 2003)
Текстови на песни и поезија Пишувал текстови за Радомир Михајловиќ нарекуван „Точак“ и групите Генерација 5, Забранетоо пушење (Забрањено пушење) и ромскиот бенд Оѓила. Го напишал текстот за песната Бубамара, која била изведена во филмот Црна мачка, бел мачор од Емир Кустурица.
Наводи
Категорија:Ромски писатели Категорија:Српски писатели Категорија:Живи луѓе