„Не врти се, сине“ (српскохрватски: Ne okreći se sine) - југословенски филм од 1956 година, во режија на Бранко Бауер. Главните улоги ги толкуваат: Берт Сотлар, Златко Лукман, Радојко Јежиќ и Златко Мадуниќ.

Синопсис Партизанскиот илегалец, инженерот Невен Новак (го игра Сотлар) бега из возот со кој усташите ги превезуваат затворениците во логорот Јасеновац. По успешното бекство, тој се обидува да го спаси синот Зоран (го игра Лукман), кој се наоѓа во усташкиот детски дом во Загреб каде го индоктринираат со усташка и фашистичка идеологија. Кога Зоран дознава дека татко му е непријател на усташкиот режим, тој ја одбива неговата понуда да побегнат на партизанската територија. Така, Новак се соочува со отпорот на син му и со мрежата која ја плете полицијата околу него.РТС, Не окрећи се сине (пристапено на 21.3.2021)

Наводи

Категорија:Југословенски филмови Категорија:Хрватски филмови Категорија:Филмови на хрватски јазик Категорија:Филмови од 1956 година Категорија:Филмови на Бранко Бауер Категорија:Филмови со Берт Сотлар Категорија:Филмови со Радојко Јежиќ Категорија:Филмови со Златко Мадуниќ Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Загреб Категорија:Филмови за Втората светска војна