Бетонски фараони, во режија на Јордан Тодоров, е бугарски документарен филм од 2010 година, кој го истражува начинот на живот на Ромите Калдераш - затворена заедница со не повеќе од 1 милион луѓе низ целиот свет.

Синопсис Добредојдовте во живописниот свет на Ромите Калдераш - затворена заедница со не повеќе од 1 милион луѓе низ целиот свет. Бетонски фараони го прикажува начинот на живот и традиции на најскриените и најинтригирачки ромски заедници. Харизматичен цигански барон ќе не прошета во неговиот нов дом и ќе ни раскaже за неговите лични животни искуства. Ќе ги научиме најновите трендови за дизајн на надгробни споменици кај Ромите. Ќе се спуштиме во подземните домови на африкански гранит, опремени со кревети, гардероби, стерео и наполнет мобилен телефон - директна линија кон надворешниот свет. Цела една прослава на животот и задгробниот живот во сите негови облици.

Категорија:Бугарски документарни филмови Категорија:Филмови од 2010 година