мини|десно|200п|Градбата во којашто е сместен центарот во јануари 2013
Документациски и културен центар на германските Синти и Роми () — меморијален центар посветен на Синтите и Ромите кои биле убиени од страна на нацистите, основан во раните во 1990-тите во Хајдечберг. По неколкугодишен труд во собирање приказни од жртвите, истражувачка и заштитна дејност, градбата била свечено отворена во јавноста на 16 март 1997 година и на настанот присуствувале многу преживеани Синти и Роми. Центарот е првата постојана изложба во светот којашто го прикажува геноцидот извршен над Синтите и Ромите од страна на нацистите.Documentation and Cultural Centre Homepage Документацискиот центар има три ката и зафаќа површина од скоро 700 м2. Установата е надгледувана од Централниот совет на германските Синти и Роми, поддржан од градската управа на Хајделберг, и е корисник на средства од посебни фондови доделени од Федералната влада на Германија и од онаа на сојузната држава Баден-Виртемберг.
Наводи
Надворешни врски Службено мрежно место
Категорија:Музеи во Германија Категорија:Ромска култура Категорија:Роми во Германија