Параромски јазици — поим којшто се употребува за означување на различните ромски говори. Мнозинството вакви јазици се мешани, односно како основа на јазикот главно е земен ромскиот, но во нив исто така е присутно и влијание од други јазици. Меѓутоа, има и јазици коишто не се мешани и како основа го имаат само ромскиот јазик. Парароманските јазици како основа главно ги земаат индоевропските јазици. Исклучоци се лајузе, кој како основа го има естонскиот, и ероминчела, кој како основа го има баскискиот јазик. Овие јазици се традиционални говори на ромските заеднициMatras, Y. (2002). Romani: A Linguistic Introduction Cambridge University Press. и се говорат наместо или заедно со ромските дијалекти.
Јазици Врз палеобалканска основа: Ломаврен (врз ерменска основа); Грчкоромски јазик (врз Грчка основа). Врз угрофинска основа: Лајузе† (врз естонска основа). Врз германска основа: Англоромски јазик (врз англиска основа); Дански роди (на датской основе); Скандинавскоромски јазик; Синтиманојч. Врз романска основа: Калопортугалски ромски јазик (врз португалска основа); Калошпански ромски јазик (врз шпанска основа); Врз словенска основа: Сервицки дијалект (врз украинска основа); Ромскосрпски јазик (врз српска основа). Врз келтска основа: Валискоромски јазик; Шелта (во значителна мера содржи и јазични одлики од англискиот јазик). Други Ероминчела (врз баскиска основа); Татарскоромски жаргон (врз кримскотатарска основа). Немешани параромски јазици: Бохемискоромски јазик† (врз чешка основа); Калофински ромски јазик.
*† изумрен јазик
Наводи
Категорија:Ромски јазик