Архитектурата на Србија има долга, богата и разновидна историја. Демонстрирани се некои од најголемите европски стилови од римската до постмодерна архитектура, вклучително и реномирани примери на Рашка, српско-византискиот стил со својата преродба, моравски стил, барок, класична и модерна архитектура, со одлични примери во брутализам.

Вековната бурна историја на Србија предизвикала голема регионална разновидност и ја фаворизира народната архитектура. Ова создало хетероген и разновиден архитектонски стил, со тоа што архитектурата се разликувала од град до град. И покрај тоа што сè уште може да се забележи оваа разновидност во малите градови, уништувањето на архитектонското наследство во поголемите градови за време на Втората светска војна и последователното социјалистичко влијание врз архитектурата резултирале во специфична мешавина на архитектонски стилови.

Праисторија и антика мини| Сирмиум бил прогласен за една од четирите престолнини на Римското Царство и бил исто така главен град на преторијанската префектура Илирик и Панонија Секунда . Најсеверниот антички македонски град бил Кале Кршевица од 5 век п.н.е. Скордисците ја изградиле камената тврдина Сингидунум, Калемегдан во Белград во 3 век п.н.е. Оттогаш е изградена од Римјани, Срби, Турци, Австријци и покажува пример за продолжување на архитектурата стара 2.300 години, служејќи како една од најдобрите обележја во Белград.

Римјаните оставиле многу траги од нивното шествековно владеење во српските земји, вклучително и неколку утврдувања и комплекси, како што е Царскиот дворец на Галериј во Гамзиград ( Феликс Ромулијана ) од 3 век н.е., кој бил изграден на неговото родно место по победата против Персијците, локалитетот Медијана во Ниш од 4 век, урнатините на главниот град на Мизија Виминациум, поранешна римска престолнина и родно место на неколку римски цареви Сирмиум и византискиот град Јустинијана Прима изграден од Јустинијан I, што било седиште на Архиепископијата на Јустинијана Прима.

Средновековен период Манастирот Прохор Пчињски е основан во 1067–1071 година од страна на византискиот цар Роман IV во чест на Свети Прохор Пчињски.

Архитектонски школи

Архитектонско училиште Рашка Архитектонско училиште Морава Вардарско архитектонско училиште

Рана црковна архитектура мини| Манастирот Ѓурѓеви ступови, во близина на Нови Пазар (1166), светско наследство на УНЕСКО Црквата на Светите апостоли Петар и Павле е една од ретките преостанати згради од раниот среден век и светското културно наследство на УНЕСКО. Манастирот Прохор Пчињски е основан во 1067–1071 година од страна на византискиот цар Роман IV во чест на Свети Прохор Пчињски. Црковната архитектура најмногу се развивала под покровителство на српската држава. Најкарактеристичното парче од средновековната српска архитектура бил манастирот Студеница основан од Стефан Немања, основачот на средновековна Србија во околу 1190 година. Овој манастир имал и значајни уметнички дела, вклучувајќи ги и фрескоживописот во византиски стил. Нејзината црква содржи и обемни скулптури засновани на Псалми и Успението на Богородица. УНЕСКО го додал овој манастир на својот список на места на светското културно наследство во 1986 година. Тој претставувал модел за други манастири кај Милешева, Сопочани и Високи Дечани.

Влијанието на византиската уметност станало повлијателно по заземањето на Цариград во 1204 година во Четвртата крстоносна војна кога многу грчки уметници избегале во Србија. Нивното влијание може да се види кај црквата Вознесение во Милешева, како и во ѕидните слики во црквата Свети Апостоли во Пеќ и манастирот Сопочани. Иконите формирале и значаен дел од црковната уметност.

Влијанието на византиската архитектура го достигна својот врв по 1300 година, вклучително и обновата на црквата „Пресвета Богородица Левишка“ (околу 1306-1307) и црквата Свети Ѓорѓи во Старо Нагоричане во Македонија, како и манастирот Гражаница во Косово. Црковните декоративни слики исто така се развиле понатаму во периодот.

Манастирот Високи Дечани во Метохија бил изграден помеѓу 1330 и 1350 година. За разлика од другите српски манастири од тој период, тој бил изграден со романски одлики од мајстори-градители под монахот Витус од Котор. На неговите фрески има 1000 портрети кои ги прикажуваат сите главни теми на Новиот завет. Соборниот храм има иконостас и врежан кралски саркофаг. Во 2004 година, УНЕСКО го вклучил манастирот на списокот на светско наследство.

Имало уште поголем бран на црковната архитектура. Принцот Стефан Лазаревиќ бил поет и покровител на уметноста, кој ја основал црквата во Ресава кај Морава со теми за Христос со луѓето прикажани облечени во феудални српски носии.

Црковни споменици

Црква Петрова, 800 г. н.е., Стари Рас Ѓурѓеви ступови, 1166, Нови Пазар Црква Богородица Левишка, 12 век, Призрен Манастир Студеница, 1190 година, Краjeево Пеќска патријаршија, 13 век, Пеќ Манастир Сопочани, 1265 година, Стари Рас Манастир Милешева, 1236 година, Приеполе Високи Дечани, 1327 година, Дечани Манастир Грачаница, 1321 година, Грачаница е пример за српско-византиски стил ( светско наследство на УНЕСКО ) Манастир Свети Архангели, 1343, Призрен

Српско-византиски стил Ова е црковно- архитектонски стил кој цветал во српскиот доцен среден век, кој бил развиен преку спојување на современата византиска архитектура со влијанија од рашкиот стил, формирајќи нов стил. Кон крајот на 13 и во првата половина на 14 век српската држава се проширила во Македонија, Епир и Тесалија до Егејското Море. На овие нови територии, српската уметност била уште под влијание на византиската уметничка традиција.

Грачаница, која целосно била обновена од кралот Милутин во 1321 година, е најубавиот споменик на српската архитектура од 14 век. Црквата на овој манастир е пример за конструкција што постигнала највисок степен на архитектура не само во византиска форма, туку и при создавање на оригинален и слободен стил надминувајќи ги неговите модели. Ѕидното создавање во чекори е една од основните одлики на овој храм. Кралската црква во Студеница, карактеризирана како идеална црква, е изградена во првите децении на 14 век.

До крајот на третата деценија на 14 век конечно се оформила Патријаршијата во Пеќ. Надворешноста на патријаршијата е визија за форми карактеристични за современата српска архитектура. На поголемиот дел од надворешните sидови се користелукрас на боја, наместо релјеф од камен и украс од тула и камен. Типична српско-византиска црква има правоаголна основа, со голема купола во центарот со помали куполи околу централната. Внатрешноста на црквата е покриена со фрески кои илустрираат разни библиски приказни и прикажуваат српски светци.

Османлиската архитектура во Србија Територијата на денешна Република Србија била дел од Отоманското Царство во раниот современ период, особено Централна Србија, за разлика од Војводина, која премина под Хабсбуршка управа почнувајќи од крајот на 17 век. Османлиската култура значително влијаела на регионот, во архитектурата, кујната, јазикот и облеката, особено во уметноста и исламот.

Современост

Барок десно|мини| Голем број историски важни градби под влијание на западната архитектура може да се најдат во Сремски Карловци За време на краткотрајното австриско владеење над Белград, бил изграден барокен кварт, со плоштад и неколку монументални градби. По освојувањето на градот од отоманските Турци, сите барокни згради биле срушени. Повеќето српски православни цркви биле изградени со сите одлики на барокните цркви изградени во австриските администрирани региони. Црквите обично имале камбанарија и една единствена зграда со иконостасот внатре во црквата покриена со слики во стилот на ренесансата. Овие цркви најмногу може да се најдат во Земун и покраината Војводина.

Српско-византиска преродба XIX век е време на развој на српскиот национализам, кој се обидувал да развие „национален стил“ и во архитектурата, во согласност со идеите за национален романтизам. Во рамките на поширокото движење на историзмот, паралелно со неокласичната архитектура, Србија го создала стилот на византиска преродба во архитектурата. Другите типови на историзам имаат помалку влијание во Србија, иако има неколку примери на архитектура на готска преродба, како што е замокот Капетаново од 1904 година.

Модерната сакрална архитектура на Србија го добила својот главен поттик од династичката погребна црква во Опленац, која била нарачана од член на династијата Караѓорчевиќи во 1909 година.Aleksandar Kadijević: Byzantine architecture as inspiration for serbian new age architects. Katalog der SANU anlässlich des Byzantinologischen Weltkongresses 2016 und der Begleitausstellung in der Galerie der Wissenschaften und Technik in der Serbischen Akademie der Wissenschaften und Künste. Serbian Committee for Byzantine Studies, Belgrade 2016, , S. 87. Со доаѓањето на руските емигрантски уметници по Октомвриската револуција, главните владини згради во Белград биле планирани од еминентни руски архитекти обучени во Руското Царство. Кралот Александар бил покровител на неовизантиското движење.Aleksandar Kadijević: Byzantine architecture as inspiration for serbian new age architects. Katalog der SANU anlässlich des Byzantinologischen Weltkongresses 2016 und der Begleitausstellung in der Galerie der Wissenschaften und Technik in der Serbischen Akademie der Wissenschaften und Künste. Serbian Committee for Byzantine Studies, Belgrade 2016, , S. 62. Нејзини главни поборници биле Александар Дероко, Момир Коруновиќ, Бранко Крстиќ, Петар Крстиќ, Григориј Самојлов и Николај Краснов. Нивниот главен придонес бил Бели двор, црквата Свети Сава, црквата Свети Марко, Белград. По завршувањето на комунистичката ера, Михаило Митровиќ и Небојша Поповиќ биле поборници за нови склоности во сакралната архитектура кои користеле класични примери во византиската традиција.Aleksandar Kadijević 2016: Between Artistic Nostalgia and Civilisational Utopia: Byzantine Reminiscences in Serbian Architecture of the 20th Century. Lidija Merenik, Vladimir Simić, Igor Borozan (Hrsg.) 2016: IMAGINING THE PAST THE RECEPTION OF THE MIDDLE AGES IN SERBIAN ART FROM THE 18TH TO THE 21ST CENTURY. Ljubomir Maksimovic & Jelena Trivan (Hrsg.) 2016: BYZANTINE HERITAGE AND SERBIAN ART I–III. The Serbian National Committee of Byzantine Studies, P.E. Službeni glasnik, Institute for Byzantine Studies, Serbian Academy of Sciences and Arts. Hier S. 177 (Academia:PDF)

Стил на Арт Нову и Сецесија Стилот Арт Нову и виенската сецесија цветала на северот на земјата кон крајот на XX век, кога регионот на Војводина сè уште бил дел од унгарското кралство под Хабсбурзите. Суботица и Зрењанин се домаќини на особено извонредни градби од тој период. Ниту Нови Сад и Белград не биле имуни на архитектонската новина.

Нови Сад : Банка на Војводина (1904), Новосадска синагога (1909), Томиновата палата (1909) Суботица : Синагога (1901), Градско собрание, Градска библиотека, Палатата Раихл

Зрењанин : Куќата на Липот Голдмит,, Градско собрание, Дунчерски палата, Бенцеова куќа, Мал мост

Белград: Хотел Москва (1908), Куќата на Вучо на реката Сава (1908), Студиото на Урош Предвиќ (1908), Куќа на Мика Алас (1910),

Кралски југословенски период Југословенската архитектура се појавила во првите децении на 20 век пред воспоставувањето на државата ; во овој период голем број јужнословенски креативци, воодушевени од можноста за државност, организирале серија ликовни изложби во Србија во име на заедничкиот словенски идентитет. По владината централизација по создавањето на Кралството Југославија во 1918 година, овој почетен ентузијазам од долу нагоре започнла да згаснува. Југословенската архитектура станала повеќе диктирана од сè повеќе концентрираниот државен авторитет, кој сакал да воспостави унифициран државен идентитет.