Тековна сметка е дел од билансот на меѓународните плаќања. Таа ги прикажува тековните трансакции со странство во текот на определен временски период.
Опис Тековната сметка ги претставува тековните трансакции помеѓу резиденти и нерезиденти чија цел не е трансфер на капитал. На пример, доколку еден Французин увезе американски фармерки, трансакцијата влегува во сметките за платниот биланс на САД како кредит на тековнaта сметка.Кругман Р. Пол, Обстфелд Морис, Меѓународна економија – Теорија и политика, Табернакул, Скопје, 2009, стр. 315. Тековната сметка се состои од четири дела: Стоки: увоз и извоз Услуги: Туризам, транспорт и останати услуги (телекомуникациони, инвестициони работи, деловни услуги) Доход: Надомест за вработени, доход од инвестиции (исплати на дивиденди, камати) Тековни трансфери: официјални и приватни.
Важноста на тековната сметка може да се воочи од нејзината декомпозиција претставена во следниов облик:
CA = Y – (C + I + G) = Y – A,
каде што A = C + I + G и се нарекува апсорпција или вкупна домашна потрошувачка на стоки и услуги.
Тековната сметка сигнализира дали една земја е нето-должник или нето-кредитор. Кога една земја заработува повеќе отколку што троши (CA = Y – A > 0), таа е нето-кредитор во однос на остатокот од светот. Обратно, земјата која има дефицит на тековната сметка троши повеќе отколку што заработува (CA < 0 и A > Y), и таа разлика мора да ја покрие со задолжување во странство.Бурда Мајкл, Виплош Чарлс, Макроекономија-Европски текст, Академски печат, Скопје, 2009, стр. 37.
+ Салдото на тековната сметка по одделни региони (во мрд. долари)IMF, World Economic Outlook, April 2009, p. 206. Регион 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 Развиени земји -220,1 -213,8 -394,0 -454,5 -389,6 -465,0 -371,3 САД -523,4 -625,0 -729,0 -788,1 -731,2 -673,3 -393,2 Евро-зона 43,0 117,0 40,9 31,5 20,4 -95,5 -133,8 Јапонија 136,2 172,1 165,7 170,4 211,0 157,1 76,4 Други земји 124,1 122,2 128,3 131,6 110,2 146,7 79,3 Земји во развој 151,3 226,1 447,8 630,6 633,4 714,4 262,4 Африка -4,5 2,8 15,9 34,0 10,7 12,2 -72,7 Средна и Источна Европа -29,0 -48,6 -54,7 -82,5 -122,1 -142,2 -59,4 Заедница на независни држави 35,7 63,5 87,5 96,2 70,9 108,7 0,6 Азија 82,4 89,3 162,3 282,4 406,5 422,4 481,3 Среден Исток 57,5 97,1 201,3 252,9 254,1 341,6 -10,2 Западна полутопка 9,3 22,1 35,5 47,7 13,4 -28,2 -77,3
Наводи
Категорија:Платен биланс Категорија:Меѓународни финансии Категорија:Економија Категорија:Меѓународна економија Категорија:Економски индикатори Категорија:Макроекономија Категорија:Национални сметки