Дисменореја е болна менструација. Вообичаено болката се јавува на почетокот на менструацијата. Симптомите типично траат помалку од три дена. Болката обично се јавува во пределот на карлицата или долниот дел на абдоменот. Други симптоми може да вклучуваат болка во грбот, дијареа или наузеа.
Дисменорејата може да се јави без друг причинител. Најчести причинители на секундарна дисменореја се утерини фиброиди, аденомиоза, и најчесто ендометриоза.
Дисменорејата се јавува поретко кај жени кои редовно вежбаат или имаат дете рано во текот на животот. Третманот може да вклучува примена на топли облоги. Лекови кои се користат во третманот се НСАИЛ како ибупрофен, хормонски контрацептиви и спирала со прогестерон. Земање на витамин B1 или магнезиум може да биде корисно. Докази за ефектот на јогата, акупунктурата и масажата се недоволни. Доколку постои системски причинител може да биде потребна и хируршка интервенција.
Проценките се дека дисменореја се јавува кај 20% до 90% од жените во репродуктивна возраст. Дисменорејата претставува најчестото менструално нарушување. Типично, се јавува во текот на првата година после првиот менструален циклус. Кога не постои причинител, често болката се намалува со текот на годините или после раѓањето на дете.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Болести на генитоуринарниот систем Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ