Тома Тодоров Костов ( во ― во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.

Животопис Се доселил да живее во Скопје. Завршил основно училиште. Уште како млад му пристапи на напредното движење. Учествувал во борбата против окупаторот. Станал член на Комунистичката партија на Југославија. Организирал разни незаконски дејствија и се истакнувал со својата решителност. Собирал материјална помош за партизаните. Работел меѓу младината за регрутирање на нови партизани. Во 14 македонска ударна бригада бил поставен за заменик на политичкиот комесар на чета. Учествувал во борбите на Бригадата за ослободвањето на некои краишта на Македонија. Потоа заминал во состав на друга единица за Срем, каде учествувал во големиот пробив на фронтот. Подоцна во една од жестоките битки против германскиот непријател, го даде својот млад живот.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ