мини|300п|Магла над Скопје гледана од Водно

Магла — облак во допир со земјата. Маглата се разликува од другите облаци само по тоа што маглата ја допира површината на Земјата. Истиот облак кој не претставува магла во понискa област може да биде магла онаму каде се допира со повисоки области како што се врвови на ридови или планински гребени. Маглата се разликува од замагленоста само според нејзината густина. Маглата се дефинира како облак кој ја намалува видливоста на помалку од 1 километар, додека замагленоста ја намалува видливоста на помалку од 2 км.

Маглата, всушност, претставува кондензирана (згусната) водна пареа во вид на микроскопски капки (а при температура под 0 °С ледени кристали) во приземниот воздушен слој (тропосферата). Според потеклото маглите се класифицираат во три основни групи: магли на оладување (радиациони), магли на испарување (морски, езерски, над влажни терени), и смог.

Најмагливото место на земјата се Големите Насипи (Grand Banks) околу Њуфаундленд, Канада. Маглата тука е честа бидејќи Големите Насипи е местото каде се сретнуваат ладната Лабрадорска струја од северот и многу потоплата Голфска струја од југот. Најзамаглени места на копно, пак, се Поинт Рејес, Калифорнија и Аргентина во канадската покраина Њуфаундленд и Лабрадор - и двете места се со над 200 магливи денови во годината.

Маглата како тема во уметноста и во популарната култура мини|Густа магла „Магла“ — кус расказ за деца на ангискиот писател Доналд Басет од 1967 година.Доналд Бисет, Разговори со еден тигар. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993, стр. 19-22. „Магла во август“ (германски: Nebel im August ) - роман на Роберт Домес од 2008 година. „Во маглата“ (српски: У магли) - расказ на српскиот писател Петар Кочиќ.Петар Кочић, Јаблан и друге приповетке. Београд: Просвета, 1971, стр. 46-48. „Низ маглата“ (српски: Кроз маглу) - расказ на српскиот писател Петар Кочиќ.Петар Кочић, Јаблан и друге приповетке. Београд: Просвета, 1971, стр. 49-55. „Магла“ - песна на српската поетеса Десанка Максимовиќ од 1979 година.Desanka Maksimović, Izabrane pesme (peto dopunjeno izdanje). Beograd: BIGZ, 1985, стр. 105. „Темен круг од магли“ — песна на македонскиот поет Матеја Матевски.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 85-86. „Магла“ — песна на Матеја Матевски.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 55. „Итар Пејо, мариовците и маглата“ - расказ на македонскиот писател Стале Попов.Стале Попов, Итар Пејо. Скопје: Мисла, Детска радост, Култура, Наша книга, Македонска книга, 1980, стр. 12-14. „Во маглата“ (српски: У магли) — песна на српскиот поет Стеван Раичковиќ.Stevan Raičković, Pesme. Rad, Beograd, 1977. стр. 68. „Магла“ (шпански: Niebla) - роман на шпанскиот писател Мигел де Унамуно од 1914 година.Мигел де Унамуно, Магла. Скопје: Бегемот, 2016. „Магла“ - песна на македонската рок-група Мизар од 1988 година.Мизар, Lithium records, CD 014, 2003. „Магла на забуната“ (англиски јазик: Confusion Fog) — песна на американската рок-група Мит папетс (Meat Puppets) од 1987 година.Meat Puppets – Mirage (пристапено на 21.3.2023)

мини|Хамбург во магла

Наводи

Категорија:Облаци Категорија:Метеорологија Категорија:Снежни и ледени појави