Бран демонстрации и граѓански немири во Турција започнале на 28 мај 2013 година, првично да се оспори планот за урбан развој за истанбулскиот парк Таксим Гези и негово рушење. " Istanbul : les Indignés de Taksim ", Laurène Perrussel-Morin, Le Journal International, 29 May 2013 Последователно, поддршката на протестите и започнување штрајкови започнале низ цела Турција, протестирајќи против широк спектар на загриженост во основата на прашањата за слободата на печатот, изразувањето и собирот, како и ерозијата на политичката исламистичка влада на секуларизмот на Турција. Без централизирано раководство надвор од малото собрание што го организирал првичниот еколошки протест, протестите биле споредувани со движењето „Окупирај“ и настаните во мај 1968 година. Социјалните медиуми одиграле клучна улога во протестите, и покрај тоа што голем дел од турските медиуми ги минимизирале протестите, особено во раните фази. Три и пол милиони луѓе (од 80 милиони жители на Турција) се проценува дека учествувале активно во скоро 5.000 демонстрации низ Турција поврзани со првичниот протест на паркот Гези. Дваесет и две лица биле убиени, а над 8.000 биле повредени, многумина критички настроени.

Заседавањето на паркот Таксим Гези било обновено откако полицијата се повлекла од плоштадот Таксим на 1 јуни и самиот парк се претворил во протестен камп, со илјадници демонстранти во шатори, организирање медицински центар, дистрибуција на храна и свои медиуми. Откако кампот во паркот Гези бил расчистен од полицијата по немирите на 15 јуни, демонстрантите започнале да се состануваат во други паркови низ цела Турција и организирале јавни форуми за да разговараат за начините како ќе продолжат протестите во следниот период.Hurriyet Daily News, 19 June 2013, Group stands against 'standing man' in Istanbul protest squarebianet, 19 June 2013, Every Park Become Gezi Park in Turkey Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган ги опишал демонстрантите како „неколку разбојници“ на 2 јуни. Полицијата ги потиснала протестите со солзавец и водени топови. Покрај 11-те смртни случаи и над 8.000 повреди, биле извршени над 3.000 апсења. Бруталноста на полицијата и целокупното отсуство на владин дијалог со демонстрантите била критикувана од некои странски влади и меѓународни организации.

Опсегот на демонстранти бил опишан како широк, опфаќајќи и поединци од десно и од лево крило. Нивните поплаки се движеле од првичните локални проблеми со животната средина, до прашања како што се авторитаризмот на Реџеп Таип Ердоган, ограничувања на алкохолот, неодамнешен спор за бакнување во јавноста, и војната во Сирија. Демонстрантите се нарекувале себеси çapulcu, повторно присвојувајќи ја навредата на Ердоган за себе (и го измислиле дериватот „чапулџи“, со оглед на значењето на „борба за вашите права“). Многу корисници на Твитер исто така го смениле името на своите домашни сметки и наместо тоа користеле чапулџи во знак на поддршка. Според различни аналитичари, протестите биле најпредизвикувачките настани за десетгодишниот мандат на Ердоган и најзначајното вознемирување во целата земја со децении.

Заднина мини| Протести во 2011 година против цензурата на семрежјето. Партијата за правда и развој (АКП) предводена од Реџеп Таип Ердоган владела од 2002 година, победувајќи на изборите во 2002, 2007 и 2011 година со голема разлика. Под нејзино владеење, економијата на Турција се опоравила од финансиската криза и рецесијата во 2001 година, особено водена од градежниот бум. Во исто време, особено од 2011 година, Ердоган бил обвинет за водење на исламистичка агенда што го поткопал секуларното влијание на Турската армија. Во истиот период, тој исто така зголемил низа ограничувања на човековите права, особено слободата на говорот и слободата на печатот, и покрај подобрувањата што произлегле од процесот на пристапување кон Европската унија.

Од 2011 година, АКП ги зголемила ограничувањата на слободата на говорот, слободата на печатот, употребата на семјрежјето, телевизиска содржина, и правото на слободно собирање. Партијата исто така развила врски со турските медиумски групи и користела административни и правни мерки (вклучително, во еден случај, даночна казна од 2,5 милијарди американски долари) против критичните медиумски групи и новинарите: „во текот на последната деценија АКП изгради неформална, моќна, коалиција на партиски поврзани стопанственци и медиуми чија егзистенција зависи од политичкиот поредок што го гради Ердоган. Оние кои се спротивставуваат го прават тоа на сопствен ризик“.

Од страна на одредени изборни единици владата се сметала за сè повеќе исламистичка и авторитарна Во парламентот во 2012 година била одобрена реформа во образованието што ги зајакнува исламските елементи и курсеви во јавните основни и средни училишта, а Ердоган изјавил дека тој сакал да поттикне „побожна генерација“. Продажбата и потрошувачката на алкохол во универзитетските кампуси била забранета. Луѓето добивале затворски казни за богохулие.

Додека градежништвото во Турција било во нагорна линија и преттавувало најголем двигател за економијата, тоа било спроведувано без никакви локални консултации. На пример, на големите градежни проекти во Истанбул „им се спротивставија широко распространетите коалиции од различни интереси. Но владата нагло се спротивстави на противниците на проектите на отфрлачки начин, тврдејќи дека секој што се спротивставува треба да запомни колку АПК има популарност кога се одржуваат изборите“.

Еколошките проблеми, особено од одлуката на Владата за изградба на дополнителни атомски централи и третиот мост во 2010 година, довеле до продолжување на демонстрациите во Истанбул и Анкара. Регионот на Црното Море доживеало десетици протести против изградба на депонии, атомски централи и јаглен, рудници, фабрики и хидроелектрични брани. 24 локални музичари и активисти во 2012 година создале видео со наслов „Дирен Карадениз“ („Отпор, Црно Море“), кое го претставило на паркот Гези.

Ставот на владата за граѓанската војна во Сирија била уште една причина за социјална напнатост во земјата.

Контроверзи во рамките на прогресивните заедници биле предизвикани од плановите за претворање на поранешните христијански цркви Аја Софија во Исaтнбул и во Трабзон, во џамии, план што не успеал да ја добие поддршката на истакнатите муслимански водачи од Трабзон.

Во 2012 и 2013 година, структурните слабости во турската економија станале се поочигледни. Економскиот раст значително забавил во 2012 година од 8,8% во 2011 година на 2,2% во 2012 година и предвидувањата за 2013 година биле под овој процент. Невработеноста останала висока најмалку 9%, а дефицитот на тековната сметка пораснал на над 6% од БДП.

Клучно прашање за кое Ердоган водел поход пред изборите во 2011 година било препишување на воено напишаниот устав од 1982 година. Клучни меѓу барањата на Ердоган биле Турција да се трнсформира во извршна претседателска република со засилени овластувања и тој да биде избран за претседател на претседателските избори во 2014 година. За да се достават вакви предлози на референдум, потребни биле 330 од 550 гласа во Големото национално собрание и да се одобри без референдум од парламентот, потребни биле 367 од 550 гласа (двотретинско мнозинство) - АКП во тој момент имала само 326 места. Како таква, уставната комисија барала согласност од опозициските партии, имено ЦХП, МХП и БДП кои во голема мерка се спротивставувале на ваквите предлози. Покрај тоа, уставните судови пресудиле дека на актуелниот претседател Абдула Ѓул му е дозволено да се кандидира за изборите во 2014 година, за кои се шпекулира дека има сè повеќе напнати односи и конкуренција со Ердоган. Понатаму, многу членови на парламентот во владејачката АКП, исто така, се спротивставиле со аргументот дека сегашниот претседателски систем е доволен. На самиот Ердоган во тој момент му било забрането да се кандидира за четврти мандат како премиер на општите избори во 2015 година, поради тогашните подзаконски акти на АКП, што во голема мерка предизвикале обвинувања од јавноста дека предлозите на Ердоган биле наведени во светло на тоа дека тој имал само намера да го продолжи своето владеење како најдоминантна фигура во политиката. Уставните предлози главно биле одложени во разгледување или немале никаков широк договор за реформи.

Настани што довеле до протестите

29 октомври 2012 година: Гувернерот на Анкара забранил планиран марш на Денот на републиката организиран од секуларистички опозициски групи. И покрај забраната, илјадници луѓе, вклучувајќи го и лидерот на најголемата опозициска партија во Турција ЦХП, се собирале на плоштадот Улус. Полициските сили ги нападнале демонстрантите со солзавец и водени топови, и покрај фактот дека во толпата имало многу деца и стари лица. Почеток на февруари 2013 година: Владата се обидела да го направи абортусот практично неостварлив. Ова следело откако Ердоган ја предизвикал неговиот поход против абортусот во јуни 2012 година, на која подоцна се појавиле различни протести од феминистички групи и поединци. 19 февруари: Истражувањето спроведено од Универзитетот „Кадир Хас“ (кое вклучувало 20.000 испитаници од 26 провинции и има мала маргина на грешка) покажало значително неодобрување на силно застапуваната предложена промена на Ердоган за промена од парламентарен систем во извршен претседателски систем, во американски стил - 65,8% се спротивставиле а 21,2% дале поддршка на предлогот. Февруари - март: Голема банка во Турција, Зират банка, го променила името од „ТЦ Зират банка“ во едноставно „Зираат банка“, со што се изоставил акронимот на Република Турција, ТЦ, (Türkiye Cumhuriyeti). Турското Министерство за здравство исто така престанало да користи ТЦ во својот грб. Во знак на протест, илјадници луѓе започнале да го додаваат пред своите имиња на Фејсбук и Твитер како нем протест. Некои луѓе веруваат дека АКП се обидувала да го смени името или режимот на земјата, додека други веруваат дека овој пропуст на буквите е знак за приватизација на банката Зират и болници Кон крајот на март: На прославите Навроз недостасувало турското знаме. Многумина сметаат дека ова било оцрнување на републиката. Опозициските членови на парламентот протестирале со внесување лични знамиња во комората додека седат. 2 април: Шефот на огранокот на АКП во Истанбул, Азиз Бабушчу, изјавил дека очекува неговата партија да ја изгуби либералната поддршка. 3 април: Започнало ископувањето за изградба на огромната контроверзна џамија Џамлица во Истанбул. Како амбиција на политиката за потпис на Ердоган - била испланирана да биде изградена на 57.511 квадратни метри, да има капацитет до 30.000 верници и да има минариња високи 1071 метри (што претставува година на турската победа во Битката кај Манцикерт). Жителите на Истанбул веќе подолго време се жалеле дека проектот бил непотребен и ќе го наруши хоризонтот и околината со вклучената сеча. Дури и многу религиозни фигури се противале на планот, при што еден религиозно конзервативен интелектуалец кон крајот на 2012 година ги нарекол ваквите планови „евтина копија“ на Сината џамија и му напишал на Ердоган да не ги срами идните генерации со таква „грозна работа“. 15 април: Светски познатиот турски пијанист Фазил Сај бил осуден на условна казна затвор во траење од 10 месеци за „навреда на религиозни убедувања што ги држи во дел од општеството“, со што се затворил контроверзниот случај, додека предизвикал бурни реакции и неодобрувања во Турција и во странство. Фазил Сај е атеист и самопрогласен противник на Ердоган. 1 мај: Полицијата употребила водени топови и солзавец за да спречи марширачи на Први мај да стигнат до плоштадот Таксим. Владата ја навела работата за реновирање како причина за затворање на плоштадот. 11 мај: Автомобил-бомба убил 52 лица и ранил 140 лица во Рејханли во близина на границата со Сирија. Владата тврдила дека е вклучена сириската влада, но многу локални жители ја обвиниле владината политика за атентатот.