Феодор Александар Литвиновски ( во ― во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Завршил основно училиште. Живеел во Скопје. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. Го поминал борбениот пат на Бригадата, од нејзиното формирање. Учествувал во борбите против балистичките банди и Германците на падините на Скопска Црна Гора. Потоа ја продолжил борбата на Косово против заостанатите балистички банди. Учествувал и во пробивот на Сремскиот фронт, до самата капитулација на фашистичка Германија, каде неговата единица придонела да бидат уништени усташките воени сили. При крајот на војната во една борба против Германците, бил погоден и загинал кај Антуново.

Наводи