„Македонски хумористични народни приказни“ — збирка со македонски хумористични народни приказни и авторски раскази, во избор и редакција на Томе Саздов, а објавена од издавачката куќа „Просветно дело“, Редакција „Детска радост“.
Содржина Книгата ги содржи следниве приказни и раскази:Македонски хумористични народни приказни, Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004. Мајсторот што го турнал оџакот Лажливото здравје Селанецот и оџата Магарето што јадело грав Трајко без глава Ги надмудрил своите синови и снаи Да ми речеше магаре, немаше да се лутам Мало Турче, ама чисто турски зборува Само месо дома дошло Селанецот, волкот и јагнето Прилепски бербер обрикол магаре Куцото петле и мачорот Лисицата и волкот Излажаниот бербер Глувата баба и еден човек Крадецот што крадел лук низ оџак Го фатил лукот Господ и четириесетте маченици - премногу за помошници Магаре јавај - магаре барај Загинатото магаре Мрзливата жена Мрзливата сопруга Мрзливиот овчар Циганот како сведок Овчарот и владиката Поуката на еден поп Попот јарец Итриот Циганин Ромот станал султан Циганинот Рамче Зошто ги викаме македонските Власи Куцовласи Грешна дијагноза Селанецот го надитрил аптекарот Неучениот поп „Кој го украде сеното, тој ја има мувата на капата“ Граѓанинот и селскиот пријател Итар Пејовата измама Прво отплаќање Итар Пејово Второ отплаќање Итар Пејово Трето отплаќање Итар Пејово Итар Пејо знае турски Рибина чорба Итар Пејо во Скопје Насрадин-оца се инаетел со жената Гласот утре ќе се чуе До каде дошла техниката на железницата Час по физика Писмо до Господа Темелко ќелавиот Продавачот на семки Волшебното огледало Непотребна кавга Пасош за вол Бранко и Ранко Во еднонасочна улица Извадениот менувач
Изданија Во 2004 година, книгата била објавена од Редакцијата „Детска радост“ во рамките на библиотеката „Лектирни изданија“. Таа има 132 страници, а на крајот од книгата се наоѓа поговорот „За македонските хумористични народни приказни“ на Томе Саздов, како и кратка белешка за него. Дизајнот и графичкото уредување го направил Жарко Туниќ, автор на илустрациите е Томе Манески, а лектурата и коректурата ги направила Катерина Ноневска. Книгата е испечатена во печатницата „Коста Абраш“ во Охрид. Таа е каталогизирана во НУБ „Св. Климент Охридски“, Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 9989-30-603-6.
Наводи
Категорија:Македонски народни приказни Категорија:Книги од 2004 година Категорија:Изданија на Просветно дело Категорија:Изданија на Детска радост