Илија Петрушев Михајлов ( во ― во ) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Израснал во сиромашно семејство. Завршил основно училиште во селото, а потоа работел како општ работник. Во септември 1944 година, тој стапил во Шеснасеттата македонска ударна бригада. Со неа учествувал во борбите против балистите и во акциите против Германците во Качаничка Клисура. Потоа ја продолжил борбата до конечното ликвидирање на балистичките банди на Косово. Со Бригадата учествувал и во завршните операции за ослободување на Југославија. На 15 април 1945 година во големата битка за ослободување на Будровци, храбро загинал заедно со многумина македонски партизани, меѓу кои ѝ Софре Марковски. Посмртните останки му биле пренесени и закопани на гробиштата во неговото родно село Раштак.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ