Свети Димитриј — опожарена главна селска црква во селото Стануловци. Местоположба Црквата е сместена во крајниот североисточен дел од селото, на возвишение коишто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот од селото.

Историја Црквата се претпоставува дека била изградена во XV век. Според други извори, таа била изградена во XIX век. Иконите биле изработени од Коста Зограф и од непознат автор во XIX век. Во 2003 година, црквата била опожарена и од вредните предмети ништо не е сочувано.„Светиниколски парохии “. Брегалничка епархија.

Архитектура Од остатоците на храмот се забележува дека таа гадбата имала правоаголна основа со многуаголна апсида на источната страна. Главниот влез на црквата се наоѓал на западната страна, а таа имала и спореден влез на јужната страна. Градена била од камен и била варосана. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта.

Галерија

Поврзано Стануловци Брегалничка епархија Штипско архијерејско намесништво Втора светиниколска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Стануловци Стануловци