Карикатурен портрет на Тула Ларсен — слика од Едвард Мунк.
Сликата е од 1905 година, на која се претставени Мунк и Тула Ларсен, била пресечена на половина од Мунк, откако бил застрелан во левата рака по кавга во спалната соба..
Сликата е портрет на самиот уметник и неговата свршеница Тула Ларсен. Кога нивната врска завршила со горчина, Мунк го исекол нивниот портрет во два дела. Во каталогот на Герд Вол од 2008 година, таа е каталогизирана како две слики со броеви 645, односно 646.
Мунк и Тула Ларсен се запознале во Берлин во 1899 година и започнале бурна врска. Либералната дама од повисоката класа Ларсен сакала да се омажи за Мунк, но тој се двоумел, истовремено со влошувањето на неговата здравствена состојба и алкохолизмот. За време на кавга во 1902 година, Мунк бил застрелан во левата рака. На крајот, Ларсен решила да го напушти Мунк. Кога потоа се омажила за друг човек, Мунк огорчен ја пресекол нивната портретска слика.
Наводи
Надворешни врски Selvportrett mot grønn bakgrunn im Munch-Museum Oslo (Woll M 645) Karikert portrett av Tulla Larsen im Munch-Museum Oslo (Woll M 646) Vanessa Thorpe: Edvard Munch ‘reunited’ with fiancee for British Museum show. In: The Observer vom 7. April 2019.
Категорија: Уметнички слики од 1905 година Категорија: Експресионистички слики Категорија: Модерни слики Категорија: Слики од Едвард Мунк Категорија: Слики на Музејот Мунк