Душко Марковиќ (; роден на 6 јули 1958) — црногорски политичар кој бил премиер од 2016 до 2020 година.
Живот Марковиќ е роден на 6 јули 1958 година во Мојковац, НР Црна Гора. Основно и средно училиште завршил во Мојковац, а дипломирал правни науки на Универзитетот во Крагуевац. Откако завршил во Крагуевац, започнал да работи како правен консултант во рудникот Брсково во Мојковац. Тој е оженет и има три деца.
Политичка кариера Во 1986 година, Марковиќ бил назначен за секретар на Собранието на Општина Мојковац, а за градоначалник во 1989 година. Тој ја напуштил функцијата во 1991 година за да биде назначен за генерален секретар на црногорската влада предводена од Мило Ѓукановиќ во рамките на СР Југославија. Во 1997 година, тој бил избран во Собранието на Црна Гора, а следната година, тој станал помошник министер за внатрешни работи, одговорен за Службата за државна безбедност.
За време на неговото работење во Службата за државна безбедност, главниот уредник на дневниот весник „Дан“, Душко Јовановиќ, бил убиен на 27 мај 2004 година. Во 2014 година, Марковиќ бил тужен за прикривање на информации што можеби ќе ги откриле убијците на Јовановиќ. Сопругата на Јовановиќ сведочела пред судот дека Марковиќ се заканил дека ќе го убие Јовановиќ за време на телефонски повик во април 2003 година, истиот месец кога била запалена канцеларијата во Дан.
Во 2005 година, по основањето на новата агенција за национална безбедност (АНБ) во мај истата година, Марковиќ бил назначен од Парламентот за претседател на агенцијата, позиција што ја извршувал до 2010 година. Во 2010 година, владата на Игор Лукшиќ го назначила прво за министер без ресор, а потоа за заменик-премиер и министер за правда. Во март 2012 година, тој бил назначен за министер за човекови и малцински права. Тој ја напушти владата во 2015 година и истата година конгресот на владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) го избрала за заменик претседател на партијата. Во 2016 година, тој повторно бил назначен за министер за правда во привремената влада.
На 25 октомври 2016 година, десет дена по парламентарните избори, бирото на ДПС го избрало Марковиќ да го замени Мило Ѓукановиќ за премиер. Неговата номинација била осудена од опозицијата, која го обвинила Марковиќ за вмешаност во корупциски скандали и за изоставување на информации во истрагата за убиството на Душко Јовановиќ во 2004 година.
Премиер лево|мини|180x180пкс| Марковиќ со потпретседателот на САД Мајк Пенс, Подгорица, 1 август 2017 година На 9 ноември 2016 година, Марковиќ бил номиниран за премиер од претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ. На 28 ноември бил избран со 41 од 81 пратеници на парламентот (опозицијата ја бојкотирала работата на собранието), со поддршка на партиите на албанското, хрватското и бошњачкото малцинство.
На 25 мај 2017 година, Марковиќ се нашол на насловните страници низ целиот свет кога претседателот САД Доналд Трамп брутално го турна настрана за да се најде пред него на фото-опцијата за време на состанокот на самитот на НАТО, на кој за прв пат присуствуваше Црна Гора неколку дена пред нејзиното официјално пристапување во алијансата.At NATO gathering, Trump brushes past Montenegro’s prime minister Подоцна Марковиќ одговорил на прашањата во врска со инцидентот со кревање раменици.Breaking down Trump’s ‘shove’
На 10 октомври 2018 година, Марковиќ изразил поддршка за измени и дополнувања на Законот за државните симболи и Денот на државноста, кој ќе ги казни оние кои нема да застанат за државна химна на Црна Гора со глоба до 2.000 евра. Амандманот вклучувал нивоа во зависност од занимањето на субјектот, со казни за стопанственци до 6.000 евра и до 20.000 евра за оние кои работат во правниот систем. лево|мини|180x180пкс| Марковиќ со државниот секретар на САД, Мајк Помпео, Подгорица, 4 октомври 2019 година
Кога еден новинар го прашал Марковиќ дали амандманите може да се спроведат, Марковиќ сугерирал дека тие може да се спроведуваат на стадионите, велејќи дека „сите ќе гледаат, секоја институција што носи знаме, секој граѓанин што ја сака оваа земја. И секако државни инспекциски агенции. Кого ќе го препознаеме на стадионот дека не стоел, ако го идентификуваме, ќе поднесеме пријава.“
Протестите против корупцијата во владата предводена од Марковиќ започнале во февруари 2019 година наскоро по откривањето на снимките и документите што укажуваат на вмешаност на највисоките функционери во добивање сомнителни средства за предизборната кампања на владејачката Демократска партија на социјалистите во 2016 година.Objavljen snimak: Knežević uručio kovertu Stijepoviću, Antena M
Од крајот на декември 2019 година, новопрогласениот закон за вероисповед со кој де јуре се пренесува сопственоста на црковните згради и имоти од Српската православна црква во Црна Гора во црногорската држава предизвикале низа масовни протести проследени со блокади на патиштата кои продолжиле до 2020 година.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1958 година Категорија:Луѓе од Мојковац Категорија:Југословенски Црногорци Категорија:Југословенски политичари Категорија:Премиери на Црна Гора Категорија:Статии со извори на босански (bs) Категорија:Статии со извори на српски (sr)