Шина Андреева Стојанова ( во ― во ) — бугарски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.

Животопис Произлегува од изразито бедно семејство. Завршила основно училиште, а потоа се вработила во приватна фурна, каде работела тешки физички работи. Со голем труд завршила уште три класа гимназија. Под влијание на прогресивните младинци - ученици и студенти се запознала со идеите на марксизмот. Секој слободен час го користела во читање марксистичка и друга прогресивна литература. Се поврзала со месната организација на комунистичката партија и растурала прогресивна комунистичка литература меѓу другите младинци. Кога во 1942 година во нејзиното село бил доведен скопскиот првоборец Коце Стојановски - Металец како политички интернирец таа се поврзала со него и му помагала во организирањето на бегствата на затворениците.

Кога Коце бил ослободен од интернацијата, таа му се придружила, станувајќи му верен соборец и сопруга. Младата брачна двојка пристигнала во Македонија во почетокот на 1944 година. Веднаш потоа заедно стапиле во Втората македонска ударна бригада. Меѓу соборците се здобила со големи симпатии како прекрасна и бестрашна партизанка. Во борбите против бугарската фашистичка полиција, Шина загинала во Тиквешијата, речиси истовремено со својот сопруг Коце Металец, во јули 1944 година.

Поврзано

Коце Стојановски - Металец

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна