„Сенката на Карамба Барамба“ — новела за деца на македонскиот писател Славко Јаневски, првобитно објавена во 1959 година од издавачката куќа „Кочо Рацин“.
Содржина
мини|„Сенката на Карамба Барамба“, Македонска книга, 1970. Новелата е составена од девет глави. Дедо му на едно петгодишно дете е рибар. Еден ден, додека лови риби, водата му ја зема едната чизма. Детето сонува дека во чизмата се вселиле жаба, еж, кос и глушец за да се засолнат од силниот дожд; некој човек ја пронашол чизмата и ја однел во фабриката каде од неа направиле топка; дедото ја видел топката во излогот на продавницата и посакал да ја купи за своето внуче... Тогаш, детето се буди од сонот.Славко Јаневски, Сенката на Карамба Барамба, Македонска книга, Скопје, 1970, стр. 5-6. Детето седи само дома, а канаринецот Сократ одлетува низ прозорецот. Додека детето црта на ѕидот, во собата влегува необичен старец кој му го бара кучето Роско, а за возврат му дава глобус. Детето почнува да го врти глобусот, кој сè повеќе се зголемува.Славко Јаневски, Сенката на Карамба Барамба, Македонска книга, Скопје, 1970, стр. 7-14. Глобусот станува огромен и детето наеднаш се наоѓа само во пустина. Совладано од жедта, тоа бара извор и среќава дете на камила. Децата не можат да се разберат, а наеднаш тие се зафатени од песочна бура. Додека бегаат на камилата, детето заспива.Славко Јаневски, Сенката на Карамба Барамба, Македонска книга, Скопје, 1970, стр. 15-18. Детето се буди во џунгла, а седум црнчиња го носат во нивното село. таму, детето дознава дека селаните се смртно исплашени од големиот крокодил што живее во блиската река. За да ги спаси селаните, тоа црта гранка, оди на реката и му става гранката во устата на крокодилот, а потоа селаните го убиваат. По тој успех, тие го молат детето да го најде лавот кој му ја изел сенката на Карамба-Барамба. Детето црта ној, се качува на него и заминува во селото на Карамба-Барамба.Славко Јаневски, Сенката на Карамба Барамба, Македонска книга, Скопје, 1970, стр. 19-24. Детето веднаш го наоѓа разочараниот Карамба-Барамба, а заедно со него се тажни и сите селани. Ноќе, на месечина, детето црта сенка која почнува да се движи, следејќи го Карамба-Барамба. Целото село се радува на успехот, а детето заспива.Славко Јаневски, Сенката на Карамба Барамба, Македонска книга, Скопје, 1970, стр. 25-28. Утредента, детето дознава дека во текот на ноќта сенката се опијанила и му избегала на Карамба-Барамба, а потоа правела разни ѓаволштини. Карамба-Барамба повторно е тажен, а детето решава да му помогне. Тоа ја залепува сенката на петиците на Карамба-Барамба, но таа продолжува со своите палави постапки со кои ги плаши животните и луѓето.Славко Јаневски, Сенката на Карамба Барамба, Македонска книга, Скопје, 1970, стр. 30-34. Карамба-Барамба му се жали на детето за лошото однесување на непослушната сенка. Тој и детето одат во џунглата каде им се приближува слон, а од неговата сенка се преплашува сенката на Карамба-Барамба и така станува послушна и мирна. Тогаш, детето црта авион и си заминува, а на крилото на авионот здогледува папагал кој побегнал од џунглата.Славко Јаневски, Сенката на Карамба Барамба, Македонска книга, Скопје, 1970, стр. 36-38. Детето пак е дома крај ѕидот со неговите цртежи. Во собата влегува старецот, кој на детето му го враќа кучето Роско, а му го остава глобусот за да му послужи за идните патувања. Детето е среќно поради враќањето на кучето, но загрижено поради бегството на канаринецот Сократ.Славко Јаневски, Сенката на Карамба Барамба, Македонска книга, Скопје, 1970, стр. 39-40. Се враќа дедо му на детето, кажувајќи му дека на улицата видел црвена топка. Детето му објаснува дека топката е направена од неговата загубена чизма, но дедото смета дека детето само сонувало. Тогаш, се крши прозорецот и во собата влегува топката. Детето му кажува на дедо му дека патувало низ светот, но дедото не му верува, повторно мислејќи дека се работи само за сон. Потоа, дедото заспива, а по него и детето, кое крои планови за нови патувања низ светот.Славко Јаневски, Сенката на Карамба Барамба, Македонска книга, Скопје, 1970, стр. 41-42.
Изданија Издание на „Кочо Рацин“ од 1959 година. Издание на „Македонска книга“ од 1967 година. Книгата, со обем од 45 страници, е објавена во рамките на библиотеката „Златна клупа“. Автор на корицата и на илустрациите во книгата е Тома Шијаковиќ. Книгата била испечатена во графичкиот завод „Гоце Делчев“ во тираж од 5 000 примероци.Славко Јаневски, Сенката на Карамба Барамба, Македонска книга, Скопје, 1967. Издание на „Македонска книга“ од 1970 година, повторно во библиотеката „Златна клупа“.Славко Јаневски, Сенката на Карамба Барамба, Македонска книга, Скопје, 1970.
Наводи
Категорија:Дела на Славко Јаневски Категорија:Романи за деца Категорија:Изданија на Кочо Рацин Категорија:Изданија на Македонска книга Категорија:Појавено во 1959 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 1959 година Категорија:Книги од 1959 година