Јован Петрев Таневски ( во — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис Роден е во работничко семејство. Откако го завршил основното училиште, изучил плетачки занает. По окупацијата на Македонија, се доселил во Скопје. Работел како општ работник. Во градот се запознал со народно-ослободителното движење. Така станал симпатизер на НОВ. Од 1943 година организирано учествувал во борбата против окупаторот. Собирал народна помош, растурал летоци и слични акции. Во септември 1944 година стапил во Дванаесеттата македонска ударна бригада. Во состав на истата учествувал во борбите против балистите во близината на градот. По ослободувањето на Македонија се префрлил во Четиринаесеттата македонска ударна бригада. Со неа заминал на Сремскиот фронт. Како искусен борец бил поставен за командир на вод. Учествувал во борбите за ослободувањето на Срем и на поголем дел од Хрватска. Во една од битките за ослободувње на Гарешница близу Пакрац, бил тешко ранет. Веднаш потоа бил пренесен на лечење во болница, каде им подлегнал на раните.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ