Права на природата е правна и јуриспрудендална теорија која ги опишува инхерентните права поврзани со екосистемите и видовите слично на концептот на основните човекови права. Концептот за правата на природата ги оспорува законите од дваесеттиот век како генерално втемелени на погрешната концепција на природата како „ресурс“, нешто што треба да биде поседувано, искористено и деградирано. Застапниците тврдат дека законите втемелени во правата на природата го насочуваат човештвото да дејствува соодветно и на начин во согласност со модерната, системски-базирана наука, што покажува дека луѓето и природниот свет се темелно меѓусебно поврзани.
Основни принципи
Застапниците на правата на природата тврдат дека, како што човековите права сè повеќе се признаваат во законот, така и правата на природата треба да бидат признати и вметнати во човечката етика и закони. Ова тврдење е поткрепено со две размислувања: дека истата етика што ги оправдува човековите права, исто така ги оправдува правата на природата и дека сопственото преживување на луѓето зависи од здравите екосистеми.
Наводи
Категорија:Заштита на животната средина Категорија:Еколошко право Категорија:CS1-одржување: користи параметар authors Категорија:Статии со извори на шпански (es) Категорија:Статии со извори на португалски (pt)