Александар Стојков Кочев ( во — ? ) — припадник на македонското национално движење и маченик за македонската национална кауза во комунистичка Бугарија.

Животопис Родителите на Александар, Стојко и Јана, по потекло се од селото Горно Порој, Демирхисарско, Егејскиот дел на Македонија.

Неговата активност во борбта за човекови права на Македонците во Бугарија е најенергична во периодот по Втората Светска војна (1945-1948 година). Бил член на македонското здружение во Петрич во 1945 година, заедно со раководителот Борис, Васил Атанасов и браќата Васил и Јордан Таневи. Групата се залагала за изучување на македонскиот јазик и историја, а мислата која ги водела била:„Ова овде е Македонија и македонскиот народ. Нашите дедовци се бореа за Македонија и ние сакаме да ја продолжиме нивната борба.“По полициската потера од 1946 година кон Александар и браќата Таневи, се засолнил во Драгалевци. По неговото враќање извршен е упад во неговото живеалиште по што полицијата конфискувала разни документи и книги. Веднаш бил затворен и изложен на мачење и тортура во полициската станица во Петрич. Паралелно со нивната група, била оформена и друга група чии членови биле: Стојан Китанов и Георги Рачков, но и покрај силната тортура никого не издал. Осуден бил во 1949 година на јавна расправа во Петрич со цел да се заплаши и останатото население, на 6 години и осум месеци затвор, заедно со група на македонски активисти. Казната ја издржувале во затворот Белене, каде добивале сосема малку храна, а биле тепани секојдневно и без причина. По неговото илзегување од затворот продолжил да се занимава со земјоделство.

Поголеми проблеми од неговото излегување од затворот настанале во периодот кога Бугарската влада наложила да се издадат нови документи за сите Македонци (а, да им се одземат старите) и притоа сите биле заведени како Бугари, што било спротивно од нивната волја.

Наводи

Категорија:Македонски борци Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Луѓе со потекло од Горно Порој