мини|285x285пкс|Бонифациј избран за водач на Четвртата крстоносна војна, Соасонс, 1201 година: историско сликарство од Анри Декаисне, рани 1840-ти, Салс де Кроасади, Версај. Бонифациј Монфератски (; ; c. 1150 – 4 септември 1207) — маркиз од Монферат (северна Италија), главен водач на четвртиот крстоносен поход, владетел на солунската држава (1204-1207 година).
По четвртиот крстоносен поход и по формирањето на Латинското Царство во Цариград, на територијата на Македонија создал крстоносна држава со центар во Солун. Неговата власт се протегала и на Тесалија, средна Грција и Пелопонез. Поради бугарската опасност од север, бил принуден да ги среди односите со Латинското Царство. На латинскиот император Хенрих I му положил вазална заклетва и му ја дал својата ќерка за жена. Бил убиен во септември 1207 година во заседата што му ја подготвиле Бугарите.
Наводи
Категорија:Крстоносни држави Категорија:Поранешни монархии во Европа Категорија:Поранешни држави на Балканот Категорија:Латинско Царство Категорија:Починати во 1207 година