Солун Георгиев (Влахи, Пиринска Македонија, 1909 - 1948) - македонски борец за обединета и независна Македонија.

Животопис Георгиев е роден во 1909 година, во селото Влахи, Пиринска Македонија, каде што се родени и други македонски патриотски дејци, како Јане Сандански. Според сведоштвото на Крум Монев, Георгиев бил еден од најдоверливите и најпосветените јатаци на нелеганата чета на Герасим Тодоров. Особено, според Монев, Георгиев е:Македонец до фанатизам!

Георгиев бил мачен и испитуван во селското училиште на Влахи од страна бугарските власти. Тој бил убиен во 1948 година, без судење или казна, на најсуров начин.

Наводи

Категорија:Македонци во Бугарија Категорија:Македонски дејци Категорија:Луѓе од Влахи Категорија:Македонски борци Категорија:Починати во 1948 година Категорија:Родени во 1909 година