мини|Ана Чоловиќ Лешоска (2022) мини|Национален парк Маврово Ана Чоловиќ Лешоска (родена околу 1979 г.) — македонски биолог, кој од 2011 година води кампања против изградба на брани за производство на хидроелектрична енергија во Националниот парк Маврово, со цел да се заштитат загрозените видови, вклучително и балканскиот рис. Ова довело до повлекување на заемите од Светска банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), убедувајќи ја Владата на Македонија да ја прекине понатамошната работа на браните во националниот парк. Како признание за нејзините напори, таа во април 2019 година била една од шесте екологисти на кои им била доделена еколошката награда Голдман .
Лешоска, биолог, слушнала за плановите за создавање на хидроелектрични централи во Маврово во 2010 година. Тие ја вклучувале браната Бошков Мост висока 33 метри и браната Луково Поле висока 70 метри. Како извршна директорка на „Еко-свест“, македонски центар за истражување на животната средина, во соработка со други невладини организации и активисти, таа ја започнала кампањата „Спаси го Маврово“. Во ноември 2011 година, таа поднелажалба до Европската банка за обнова и развој, објаснувајќи дека тие одобриле заем за проектот Бошков Мост без да ја спроведат потребната проценка на биоразновидноста. Таа ги охрабрила амбасадорите на земјите со претставници на одборот на ЕБОР да се заложат за крај на финансирањето. Петицијата што ја започнала со барање Владата, ЕРБД и Светската банка да ги затворат проектите била поддржана од скоро 100.000 потписи.
Во 2013 година, таа поднела жалба до Бернската конвенција за зачувување на европскиот див свет и природните живеалишта, со објаснување дека проектот за хидроенергија Бошков Мост „може да има решавачко негативно влијание врз рисот“. Во декември 2015 година, Бернската конвенција им наредила на ЕРБД и Светска банка да го прекинат финансирањето бидејќи проектот може да има „решително негативно влијание врз рисот“.
</ref> Светска банка веднаш го повлекла финансирањето и наредниот мај, судска одлука за поништување на еколошката дозвола за проектот „Бошков мост“. Во јануари 2017 година, ЕБОР го откажала финансирањето.
Како признание за овие достигнувања, во април 2019 година, на Ана Лешоска и била доделена еколошката награда Голдман. Тоа било првпат наградата да биде доделена на лице од Македонија.
Наводи
Надворешни врски
Профил на Ана Коловиќ-Лешоска на LinkedIn
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1979 година Категорија:Климатски дејци Категорија:Македонски биолози Категорија:Македонски еколози