Амилоид бета (Aβ или Abeta) претставуваат пептиди изградени од 36–43 аминокиселини кои се главна компонента на амилоидните плаки во мозокот кај луѓето со Алцхајмерова болест. Овие пептиди се добиваат од амилодна претходничка белковина (APP), под дејство на ензимите бета секретаза и гама секретаза. Aβ молекулите може да агрегираат и да формираат флексибилни растворливи олигомери кои може да постојат во неколку форми.

Наводи

Категорија:Пептиди Категорија:Алцхајмерова болест Категорија:Биомаркери Категорија:Гени на хромозомот 21