мини|250п|Царските двери во црквата „Вознесение Христово“ во Мало Рувци Јован Атанасов Будимов (Прилеп, 1846 - Прилеп, 1908, познат како Јован Атанасов Прилепчанин, Јован Прилепчанин или Јован Зограф е македонски зограф од XIX век. Честопати е именуван како „последниот прилепски иконописец“.
Животопис Јован Прилепчанин го учел занаетот кај Адамче Најдов. Со него работел цели 17 години, прво како ученик, а потоа како ортак. Врз неговата работа влијаеле дебарските мајстори. Прилепчанин оставил доста икони во Прилеп и во прилепскиот крај и пошироко (Мало Рувци и Дупјачани во Прилепско, Агларци и Дедебалци во Битолско, како и за манастирот во Согле, Велешко). Со својата техника доста влијаел врз работата на прилепските иконописци.
Наводи
Категорија:Македонски зографи Категорија:Починати во Прилеп Категорија:Претставници на Дебарската школа