Александар Георгиев ( — во ) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.
Животопис По бегството од заробеништво стапил во Осмата прешевска бригада, со која се борел против балистите кај Лојане, Руѓинце, Брест и Равно. Од првиот ден на основањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, тој се нашол во нејзините редови. Учествувал во бројните борби против балистите и Германците. Подоцна се префрлил во командата на подрачјето, каде бил поставен за инструктор по вооружување. Тој загинал пред самото ослободување на Скопје, кај селото Бродец, во борбите против балистите. Бил закопан на селските гробишта во Љубанци.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Починати во Бродец (Скопско)